Пријавени ученици на Есенската математичка школа 2024

Драги ученици,

На Есенската математичка школа 2024 пријавија учество следните ученици:

Список на пријавени ученици на Есенската математичка школа 2024

Уплатата на котизацијата за учество треба да се изврши најдоцна до 14.10.2024, по што треба да се прати копија од уплтата на ems2024smm@gmail.com најдоцна до 15.10.2024.

Во текот на следната недела, а најдоцна на 17.10.2024, ќе биде објавен подетален распоред за активностите на првиот ден на школата (отвoрање на школата и распоред на учениците по простории).…

Прочитај повеќе

Теми на Есенската математичка школа 2024 и наградни учества

Драги ученици,

Темите на Есенската математичка школа 2024 која оваа година се состои од два дела – редовна настава (наменета за учениците од 4 одделение до 9 одделение од основните училишта и од 1 година до 4 година од средните училишта) и олимписка математика (наменета за учениците од 7 одделение и нагоре кои се добитници на награди на државниот натпревар по математика) и која ќе се реализира во месеците октомври, ноември и декември 2024, се следните:

  • 4 одд.
Прочитај повеќе

Пријавување учество на Есенската математичка школа 2024

Драги ученици,

Сојузот на математичари на Македонија, оваа година по шести пат организира Есенска математичка школа наменета за учениците од 4 до 9 одделение од основните училишта и за учениците од 1 до 4 година од средните училишта од целата држава. Оваа година, за прв пат, предавањата на школата ќе се одвиваат во два дела – редовна настава и олимписка математика.…

Прочитај повеќе

Математичка работилница „Школа за млади математичари 2023/2024“

Крајот на Школата за млади математичари 2023/2024 го одбележавме со математичка работилница за најмладите, учениците од 4 и 5 одделение, која се одржа денес, 18.06.2024, во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Темата на работилницата беше „СОМА сложувалка“ која учениците сами ја изработија и потоа составуваа фигури според дадена слика. Организиравме и мал натпревар во составување на фигури на кој победи Бојана Мазнова V одд.…

Прочитај повеќе

Излезе третиот број на е-списанието Диофант

Почитувани,

Ве известуваме дека излезе третиот број на е- списанието за додатна настава по математика „Диофант“. Списанието излегува повремено и по потреба и е со слободен пристап. Кон броевите на списанието „Диофант“ може да пристапите од страницата на списанието на следниот линк.

Од Уредниците на списанието …

Прочитај повеќе

Излезе вториот број на е-списанието „Диофант“

Драги ученици и наставници,

Во учебната 2023/2024 година, Сојузот на математичари на Македoнија започна со реализација на Школата за млади математичари, во соработка со Математичкиот клуб „Диофант“ од Ваљево, Србија. Задачите кои се работат на Школата за млади математичари ги објавуваме во електронско списание „Диофант“ кое излегува повремено и по потреба и е со слободен пристап.…

Прочитај повеќе

Излезе првиот број на е-списанието „Диофант“

Драги ученици и наставници,

Во учебната 2023/2024 година, Сојузот на математичари на Македoнија започна со реализација на нова активност – Школа за млади математичари, во соработка со Математичкиот клуб „Диофант“ од Ваљево, Србија. Во план е задачите кои се работат на Школата за млади математичари да се објавуваат во електронско списание „Диофант“ кое ќе излегува повремено и по потреба и ќе биде со слободен пристап.…

Прочитај повеќе

Соопштение за завршниот тест на Есенската математичка школа 2023

Драги ученици,

Ве известуваме дека завршниот тест на Есенската математичка школа 2023 ќе се одржи на закажаниот термин, 2 декември 2023 година, сабота, во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Учениците треба да бидат пристигнати до 9.30 часот, кога ќе почне распределбата на учениците во просториите предвидени за полагање на завршниот тест.…

Прочитај повеќе

Информација за формирање на е-училниците за настава на Школата за млади математичари 2023/2024

Драги ученици,

Ве информираме дека е-училниците (Google Classroom) за следење на наставата на Школата за млади математичари 2023/2024 се формирани и учениците се додадени во училниците. На пријавените ученици на школата им се пратени известувања по мејл со линк за пристап кон Google училниците.

Пробното вклучување е закажано за среда, 29.11.2023 со почеток во 19.00 часот, освен за учениците од 9 одделение за кои пробното вклучување ќе биде истиот ден со почеток во 19.30 часот.…

Прочитај повеќе

Продолжување на рокот за пријавување за Школата за млади математичари 2023/2024

Драги ученици,

Рокот за пријавување учество на Школата за млади математичари 2023/2024 е продолжен до 26.11.2023 година.

По завршување на рокот за пријавување, на платформата за е-учење ќе бидат формирани групите за следење на наставата, по што, во текот на следната недела, ќе биде и организирано пробно вклучување на платформата. Со настава почнуваме на 4 декември 2023 година.…

Прочитај повеќе