Согледувања од ИМО 2023

Годинава најпрестижниот светски математички натпревар, 64. Интернационална математичка олимпијада (ИМО 2023), се одржа во Чиба, Јапонија, во периодот 3-13 јули. Млади умови од целиот свет се натпреваруваа во решавање на шест математички проблеми во текот на два натпреварувачки дена. Магичниот број (целосно решение) кон кој се стреми секој од натпреварувачите изнесува 7 (поени по задача).…

Прочитај повеќе

ИМО2023: едно злато, едно сребро, две бронзи и две пофалници за Македонија!

Ни претставува особена чест да објавиме дека на 64. Интернационална математичка олимпијада (ИМО 2023) најпрестижниот математички натпревар за ученици од средните училишта, која годинава се одржува од 2.07-13.07.2023 година во Чиба, Јапонија – македонската репрезентација постигна одличен успех!

На овој светски мегдан за извонредност нашата екипа се закити со еден златен, еден сребрен, два бронзени медали и две пофалници. 

  • ДАМЈАН ДАВКОВ (златен медал; со освоени 32 поени) 
  • АЛЕКСИЈ ТАСИЌ  (сребрен медал; со освоени 25 поени) 
  • НИКОЛА ЦВЕТАНОСКИ (бронзен медал; со освоени 23 поени) 
  • НИКОЛА СПИРОВСКИ (бронзен медал; со освоени 19 поени)
  • ЈАН СТОЈАНОВСКИ (пофалница; со освоени 17 поени) 
  • БРАНКО ЈАНГЕЛОВСКИ (пофалница; со освоени 11 поени)

Успехот на овие наши деца е успех за целата татковина!…

Прочитај повеќе

Започна ИМО 2023

Почитувани,

започна 64. ИМО 2023 која ќе се одржи 2.07-13.07.2023 година во Чиба, Јапонија.

Нашиот олимписки тим е во состав:

МКД 1 Дамјан Давков
МКД 2 Алексиј Тасиќ
МКД 3 Никола Спировски
МКД 4 Никола Цветаноски
МКД 5 Јан Стојановски
МКД 6 Бранко Јангеловски

Водач на тимот е Илија Јовчески, а заменик-водач е Мирко Петрушевски.…

Прочитај повеќе

СММ избра ново раководството

Почитувани,

На 3.07.2023 година во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје, се одржа изборно собрание, на кое се избра новото раководство на СММ. Следните четири години со СММ ќе раководи д-р Ѓорѓи Маркоски, редовен професор на Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Членови на Управниот одбор(УО), по азбучен ред се:

  • Д-р Делчо Лешковски, доцент на Интернационалниот балкански универзитет во Скопје
  • Јасмина Костова Папалазова, професор по математика при СОУ„Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија
  • Д-р Мирко Петрушевски, вонреден професор на Машинскиот факултет во Скопје
  • Д-р Катерина Хаџи-Велкова Санева, редовен професор на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје
  • Петар Филиповски, професор по математика при ООУ„Кузман Јосифовски-Питу“ во Скопје
  • Зоран Штерјов, професор по математика при СОУ„Наум Наумовски-Борче“ во Пробиштип

Членови на Надзорниот одбор (НО), по азбучен ред се:

  • Слаѓана Настовска, професор по математика при ООУ„Ѓорѓија Пулевски“ во Скопје
  • Виктор Симјановски, САД
  • Мира Ташкова, професор по математика при ССОУ„Коле Неделковски“ во Велес

На Собранието беше доделена плакета на Трајче Ѓорѓиевски за посебен придонес во развојот на наставата по математика.…

Прочитај повеќе

Доделени дипломи на натпреварувачите

Почитувани,

Ве известуваме дека во саботата на 1 јули 2023 година, со почеток од 15 часот, во Математичкиот амфитеатар на ПМФ се одржа доделувањето на медали на освојувачите на следниве натпревари:

  • Трет натпревар Александар Блажевски Цане, одржан на 15 и 16 јануари 2022 година
  • Четврт натпревар Александар Блажевски Цане, одржан на 17 и 18 декември 2022 година
  • ММО 2022
  • ММО 2023
  • ЈММО 2022
  • ЈММО 2023

Дел од атмосферата низ галеријата


Ваш СММ!……

Прочитај повеќе

НЕЗАБОРАВЕН МАКЕДОНСКИ МАТЕМАТИЧКИ КОНГРЕС ВО СТРУГА

Во периодот од 27 до 30 јуни 2023 година, во хотелот Дрим во Струга, се одржа VII Македонски математички конгрес, во организација на Сојузот на математичари на Македонија (СММ), а под покровителство на  Природно-математичкиот факултет и  Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Оваа година СММ беше домаќин на 97 учесници од Македонија, Србија, Хрватска, Турција, Словачка, Полска и САД.…

Прочитај повеќе