ИМО2023: едно злато, едно сребро, две бронзи и две пофалници за Македонија!

Ни претставува особена чест да објавиме дека на 64. Интернационална математичка олимпијада (ИМО 2023) најпрестижниот математички натпревар за ученици од средните училишта, која годинава се одржува од 2.07-13.07.2023 година во Чиба, Јапонија – македонската репрезентација постигна одличен успех!

На овој светски мегдан за извонредност нашата екипа се закити со еден златен, еден сребрен, два бронзени медали и две пофалници. 

  • ДАМЈАН ДАВКОВ (златен медал; со освоени 32 поени) 
  • АЛЕКСИЈ ТАСИЌ  (сребрен медал; со освоени 25 поени) 
  • НИКОЛА ЦВЕТАНОСКИ (бронзен медал; со освоени 23 поени) 
  • НИКОЛА СПИРОВСКИ (бронзен медал; со освоени 19 поени)
  • ЈАН СТОЈАНОВСКИ (пофалница; со освоени 17 поени) 
  • БРАНКО ЈАНГЕЛОВСКИ (пофалница; со освоени 11 поени)

Успехот на овие наши деца е успех за целата татковина!

Им честитаме и им посакуваме уште многу идни академски достигнувања!

Ваш СММ