Согледувања од ИМО 2022

Годинава најпрестижниот светски математички натпревар, 63. Интернационална математичка олимпијада (ИМО 2022), се одржа во Осло, Норвешка, во периодот 6-16 јули. Млади умови од целиот свет се натпреваруваа во решавање на шест математички проблеми во текот на два натпреварувачки дена. Магичниот број (целосно решение) кон кој се стреми секој од натпреварувачите изнесува 7 (поени по задача).…

Прочитај повеќе

Убави вести од Осло!

Ни претставува особена чест да објавиме дека на 63. Интернационална математичка олимпијада (ИМО 2022), македонската репрезентација постигна одличен резултат.

На овој најпрестижен математички натпревар во светски рамки нашата екипа годинава освои два сребрени медали, два бронзени медали и две пофалници. 

  • НИКОЛА СПИРОВСКИ (сребрен медал; со освоени 29 поени) 
  • ДАМЈАН ДАВКОВ (сребрен медал; со освоени 29 поени) 
  • БЛАЖЕ СУКЛЕВСКИ (бронзен медал; со освоени 27 поени) 
  • ЈАН СТОЈАНОВСКИ (бронзен медал; со освоени 24 поени)
  • АЛЕКСИЈ ТАСИЌ (пофалница; со освоени 21 поен) 
  • ЈАСНА ИЛИЕВА (пофалница; со освоени 18 поени)

Водач на тимот е Илија Јовчески, а заменик-водач е Мирко Петрушевски.…

Прочитај повеќе

Започна регистрацијата за IEO 2022

Драги средношколци,

Меѓународната економска олимпијада се организира и за ученици во неофицијална конкуренција. Секој заинтересиран може да се регистрира и да учествува на истата следејќи ги упатствата дадени во продолжение во официјалните информации на организаторот. 

Registration for the IEO 2022 OpenTrack is open! 

IEO OpenTrack is a parallel category in the International Economics Olympiad for everyone who wants to take part in the competition in a more relaxed format.…

Прочитај повеќе

Започна ИМО 2022

Почитувани,

започна 63. ИМО 2022 која ќе се одржи 6.07-16.07.2022 година во Осло.

Нашиот олимписки тим е во состав:

МКД 1 Никола Спировски
МКД 2 Дамјан Давков
МКД 3 Јан Стојановски
МКД 4 Алексиј Тасиќ
МКД 5 Блаже Суклевски
МКД 6 Јасна Илиева

Водач на тимот е Илија Јовчески, а заменик-водач е Мирко Петрушевски.…

Прочитај повеќе

Огромен успех на нашиот тим на ЈБМО2022

Почитувани,

нашиот тим постигна огромен успех на ЈБМО 2022, освојувајќи 4 медали.

  • Дамјан Давков – златен медал
  • Леонид Тодороски – сребрен медал
  • Димитар Фидановски – бронзен медал
  • Марко Митевски – бронзен медал

На ЈБМО 2022 успешно учествуваа и Марко Серафимовски и Нина Ламева.

Да забележиме дека, Дамјан Давков го освои златниот медал со максимален број бодови.…

Прочитај повеќе