Започна ИМО 2022

Почитувани,

започна 63. ИМО 2022 која ќе се одржи 6.07-16.07.2022 година во Осло.

Нашиот олимписки тим е во состав:

МКД 1 Никола Спировски
МКД 2 Дамјан Давков
МКД 3 Јан Стојановски
МКД 4 Алексиј Тасиќ
МКД 5 Блаже Суклевски
МКД 6 Јасна Илиева

Водач на тимот е Илија Јовчески, а заменик-водач е Мирко Петрушевски.

Потсетување на дел од сценариото кое е планирано од страна на домаќините на овој настан:

  • активностите за водачот започнуваат на 06.07.2022 година и траат до 16.07.2022 година
  • активностите за заменик водачот започнуваат на 09.07.2022 година и траат до 16.07.2022 година
  • церемонијата на отворањето е на 10.07.2022 година
  • натпреварувањето се реализира во два дена, 11. и 12.07.2022 година

Дел од активностите на нашите олимпијци, низ галеријата фотографии:

Отворањето на ИМО 2022

Ваш СММ!