Најава за Есенска математичка школа 2019 и пријавување учество

Сојузот на математичари на Македонија, во текот на месеците октомври и првата половина од месец ноември 2019 година, организира Есенска математичка школа 2019 наменета за учениците од 4 до 9 одделение од основните училишта и за учениците од 1 до 4 година од средните училишта од целата држава. Предавањата ќе се одржуваат во сабота, на Природно-математичкиот факултет во Скопје, а по завршување на школата ќе има завршен тест. Секој редовен ученик-учесник на Школата, ќе добие сертификат за учество, а најдобрите на завршниот тест ќе добијат и дипломи за постигнатиот успех на тестот.

Школата е наменета за сите ученици кои ја сакаат математиката и сакаат да ги откриваат убавините на математиката со продлабочување на постоечките знаења и стекнување нови знаења и вештини.

Повеќе информации за Есенската математичка школа 2019 и пријавување учество на истата ќе најдете во Школи.