Комисијата за школи и кампови започна со планирање на своите активности

Комисијата за школи и кампови, формирана на состанокот на Управниот одбор одржан на 19.08.2019 година, во состав: проф. д-р Ирена Стојковска, доц. д-р Петар Соколоски, м-р Јасмина Маркоска, доц. д-р Мирко Петрушевски и проф. д-р Весна Целакоска-Јорданова, започна со планирање на активностите за наредната учебна 2019/2020 година.

Планирани се неколку модели на математички школи и кампови за учениците од основно и средно образование за време на учебната година, а може и за време на распустите. Некои од школите ќе бидат наменети за сите ученици вљубеници во математиката, а за други школи ќе бидат потребни подлабоки математички знаења. Во реализацијата на школите ќе учествуваат универзитетски професори и истакнати наставници по математика во средните и основните училишта.

Од Комисијата за школи и кампови