Теми на Есенската математичка школа 2019 и термини на предавањата

Во текот на месеците октомври и првата половина од месец ноември 2019 година, Сојузот на математичари на Македонија организира Есенска математичка школа 2019 за учениците од основните и средните училишта од целата држава. Темите на Школата и термините на предавањата се дадени подолу, а повеќе информации за Школата, денови и место на одржување на предавањата, начинот на пријавување на истата, ќе најдете во Школи.

Теми на Школата:

  • 4 и 5 одд.
    1. Решавање текстуални задачи со метод на отсечки, проф. д-р Ирена Стојковска, Институт за математика, Природно-математички факултет, Скопје
    2. Алиса во земјата на математиката, проф. д-р Слаѓана Јакимовиќ, Институт за одделенска настава, Педагошки факултет, Скопје
  • 6 и 7 одд.
    1. Геометриски конструкции, проф. д-р Весна Целакоска Јорданова, Институт за математика, Природно-математички факултет, Скопје
    2. Линеарни равенки и примена, проф. д-р Соња Геговска Зајкова, Институт за математика и физика, Факултет за електротехника и информациски технологии, Скопје
  • 8 и 9 одд.
    1. Полиноми, проф. д-р Катерина Хаџи-Велкова Санева, Институт за математика и физика, Факултет за електротехника и информациски технологии, Скопје
    2. Складност и сличност, доц. д-р Петар Соколоски, Институт за математика, Природно-математички факултет, Скопје
  • 1 и 2 год.
    1. Математичка индукција, проф. д-р Билјана Начевска Настовска, Институт за математика и физика, Факултет за електротехника и информациски технологии, Скопје
    2. Решавање геометриски задачи со помош на вектори, м-р Јасмина Маркоска, професор по математика, СУГС „Георги Димитров“, Скопје
  • 3 и 4 год.
    1. Комбинаторика и примена, проф. д-р Марија Михова, Институт за теориски основи на информатика и пресметковно инженерство, Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство, Скопје
    2. Математичко моделирање, м-р Филип Николовски, професор по математика, Меѓународни училишта НОВА, Скопје
    (во соработка со Ирена Стојковска, Јасмина Маркоска и Марко Димовски)

* Темите се заеднички за две соседни одделенија/години. Предавањата може да бидат или заднички за двете одделенија/години или одделни, ќе зависи од бројот на пријавени учесници на школата.
** Можно е темата Математичко моделирање за учениците од 3 и 4 година да биде во друг термин, надвор од долунаведените термини за предавања, заради природата на темата и условите за работа на истата.

Термини на предавањата:

  • 10:00 – 11:45 ПРЕДАВАЊА
    (2 часа од по 45-50 мин. и една пауза од 5-10 мин. околу 11:00 часот)
  • 11:45 – 12:15 УЖИНКА (30 мин)
  • 12:15 – 14:00 ПРЕДАВАЊА
    (2 часа од по 45-50 мин. и една пауза од 5-10 мин. околу 13:00 часот)

* Ова се само термините за предавањата. Деталната програма на Школата (отварање на Школата, друштвени активности, полагање на завршниот тест, доделување на сертификати и дипломи), ќе биде објавена подоцна.

Повеќе информации за Есенската математичка школа 2019, денови и место на одржување на предавањата и начинот на пријавување на истата, ќе најдете во Школи.