Информација за натпреварите по математика за основно образование

Почитувани,

Ве известуваме дека пријавувањето на учениците за општинските натпревари за основно образование го вршат училиштата, преку назначен наставник координатор од училиштето, најдоцна до 23.01.2026 година. Пријавувањето се врши преку пополнување на соодветната табела:

Пријава за основно образование

Адресата за испраќање на пополнетата табела со натпреварувачите од основното образование е natprevari.smm2024@gmail.com

Начинот за организирање и спроведување на натпреварите детално се опишани во:
Правилникот за организирање и изведување на натпреварите по математика во основно образование

Сите потребни информации околу општинскиот натпревар по математика за основно образование се овде.…

Прочитај повеќе

Информација за натпреварите по математика за средно образование

Почитувани,

Ве известуваме дека пријавувањето на учениците за општинските натпревари за средно образование го вршат училиштата, преку назначен наставник координатор од училиштето, најдоцна до 23.01.2026 година. Пријавувањето се врши преку пополнување на соодветната табела:

Пријава за средно образование

Адресата за испраќање на пополнетата табела со натпреварувачите од средното образование е smm.sredno@gmail.com

Начинот за организирање и спроведување на натпреварите детално се опишани во:
Правилникот за организирање и изведување на натпреварите по математика во средно образование

Сите потребни информации околу општинскиот натпревар по математика за средно образование се овде.…

Прочитај повеќе

Заврши КОМФСН 2025

Почитувани,

Од 28 до 30 ноември, на Природно-математичкиот факултет во Скопје се одржа Петтата меѓународна конференција за образованието по математика, физика и сродни науки. Настанот беше организиран од Сојузот на математичари на Македонија (СММ), Друштвото на физичарите на Република Македонија (ДФРМ) и Природно-математичкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.…

Прочитај повеќе

Европски Математички Куп 2025

Почитувани,
локалната организација за Македонија на 14. издание на Европскиот
Математички Куп (англ. European Mathematical Cup) е повторно доверена на
СММ. Овој престижен меѓународен натпревар ќе се одржува во повеќе држави во
периодот 13-21 Декември 2025. Официјалната веб страна е: www.emc.mnm.hr .
За учесниците од Македонија натпреварот ќе се одржи на 21.12.2025 во
просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје, со почеток во 10ч.…

Прочитај повеќе

Трето соопштение за КОМФСН 2025

Почитувани,

Природно-математичкиот факултет во Скопје ќе биде домаќин на Петтата меѓународна конференција за образованието по математика, физика и сродни науки, во периодот од 28 до 30 ноември 2025 година. Во организација на Сојузот на математичари на Македонија (СММ), Друштвото на физичарите на Република Македонија (ДФРМ) и Природно-математичкиот факултeт при Универзитетот „Св.…

Прочитај повеќе

Соопштение за завршниот тест на Есенската математичка школа 2025

Драги ученици,

Ве известуваме дека завршниот тест на Есенската математичка школа 2025 ќе се одржи на закажаниот термин, 23 ноември 2025 година, недела, во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Учениците треба да бидат пристигнати до 9.30 часот, кога ќе почне распределбата на учениците во просториите предвидени за полагање на завршниот тест.…

Прочитај повеќе

Втор Новогодишен електронски натпревар

Почитувани,

Оваа учебна година по вторпат ќе се одржи Новогодишен електронски натпревар.

На годинешниот натпревар можат да учествуваат учениците од 1   во до 5  то одделение. Натпреварот ќе се одржи на 27.12.2025 година. Котизацијата од 120 денари за Новогодишниот електронски натпревар се уплаќа на сметката на СММ, која може да ја најдете на веб страната на СММ, а со цел на дознака Котизација за новогодишен електронски натпревар – име и презиме на ученикот. 

Натпреварот се состои од 15 задачи за учениците од 1 – во одделение, односно, од 20 задачи за учениците од 2 – ро до 5 – то одделение, максимално време за работа 60 минути.…

Прочитај повеќе

Календар за натпреварите во учебната 2025/2026 година

Почитувани,

натпреварите по математика во учебната 2025/2026 година ќе се одржат во следниве денови:

Основно образование

  • Општински натпревар 30.1.2026 година
  • Регионален натпревар 14.3.2026 година
  • Државен натпревар 18.4.2026 година

Средно образование

  • Општински натпревар 30.1.2026 година
  • Регионален натпревар 14.2.2026 година
  • Државен натпревар 7.3.2026 година

Наскоро ќе бидат објавени деталите поврзани со одржувањето на овие натпревари.…

Прочитај повеќе

Информација за Нумерус

Почитувани,

Ве известуваме дека уредувачкиот одбор на „Нумерус“ го продолжува рокот за испраќање решенија на наградните и конкурсните задачи од Нумерус бр. LI-1 до 06.11.2025 година. Вашите решенија ги очекуваме на numerus.smm@gmail.com.

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе