Есенска математичка школа 2019

Најнови соопштенија

Опис на Есенската математичка школа 2019

Сојузот на математичари на Македонија, во текот на месеците октомври и првата половина од месец ноември 2019 година, организира Есенска математичка школа 2019 за учениците од основните и средните училишта од целата држава.

Учесници: ученици од 4 до 9 одд. и ученици од 1 до 4 год.
Датуми на предавањата: 5, 19, 26 октомври, 2 и 9 ноември 2019 год.
Датум на полагање завршен тест: 1 декември 2019 год.
Место: Природно-математички факултет, Скопје

Секој редовен ученик-учесник на Школата ќе добие сертификат за учество, а најдобрите на завршниот тест ќе добијат и дипломи за постигнатиот успех на тестот.

Школата е наменета за сите ученици кои ја сакаат математиката и сакаат да ги откриваат убавините на математиката со продлабочување на постоечките знаења и стекнување нови знаења и вештини.

Теми на школата:

  • 4 и 5 одд.
    1. Решавање текстуални задачи со метод на отсечки, проф. д-р Ирена Стојковска, Институт за математика, Природно-математички факултет, Скопје
    2. Алиса во земјата на математиката, проф. д-р Слаѓана Јакимовиќ, Институт за одделенска настава, Педагошки факултет, Скопје
  • 6 и 7 одд.
    1. Геометриски конструкции, проф. д-р Весна Целакоска Јорданова, Институт за математика, Природно-математички факултет, Скопје
    2. Линеарни равенки и примена, проф. д-р Соња Геговска Зајкова, Институт за математика и физика, Факултет за електротехника и информациски технологии, Скопје
  • 8 и 9 одд.
    1. Полиноми, проф. д-р Катерина Хаџи-Велкова Санева, Институт за математика и физика, Факултет за електротехника и информациски технологии, Скопје
    2. Складност и сличност, доц. д-р Петар Соколоски, Институт за математика, Природно-математички факултет, Скопје
  • 1 и 2 год.
    1. Математичка индукција, проф. д-р Билјана Начевска Настовска, Институт за математика и физика, Факултет за електротехника и информациски технологии, Скопје
    2. Решавање геометриски задачи со помош на вектори, м-р Јасмина Маркоска, професор по математика, СУГС „Георги Димитров“, Скопје
  • 3 и 4 год.
    1. Комбинаторика и примена, проф. д-р Марија Михова, Институт за теориски основи на информатика и пресметковно инженерство, Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство, Скопје
    2. Математичко моделирање, м-р Филип Николовски, професор по математика, Меѓународни училишта НОВА, Скопје
    (во соработка со Ирена Стојковска, Јасмина Маркоска и Марко Димовски)

* Темите се заеднички за две соседни одделенија/години. Предавањата може да бидат или заднички за двете одделенија/години или одделни, ќе зависи од бројот на пријавени учесници на школата.
** Можно е темата Математичко моделирање за учениците од 3 и 4 година да биде во друг термин, надвор од долунаведените термини за предавања, заради природата на темата и условите за работа на истата.

Термини на предавањата:

  • 10:00 – 11:45 ПРЕДАВАЊА
    (2 часа од по 45-50 мин. и една пауза од 5-10 мин. околу 11:00 часот)
  • 11:45 – 12:15 УЖИНКА (30 мин)
  • 12:15 – 14:00 ПРЕДАВАЊА
    (2 часа од по 45-50 мин. и една пауза од 5-10 мин. околу 13:00 часот)

* Ова се само термините за предавањата. Деталната програма на Школата (отварање на Школата, друштвени активности, полагање на завршниот тест, доделување на сертификати и дипломи), ќе биде објавена подоцна.

Краен рок за пријавување: 20 септември 2019 год.

Начин на пријавување: Пријавувањето на Школата се извршува исклучиво преку формата за пријавување на следниот линк или на копчето „Пријави учество“ на крајот од ова соопштение.

Бројот на учесници на Школата е ограничен. Доколку се пријават повеќе учесници од планираниот број, ќе бидат примени тие кои први се пријавиле. Учесниците на школата ќе бидат објавени по завршување на рокот за пријавување учество.

Котизација за учество: 3.150,00 ден.
Во котизацијата се вклучени: 20 часа предавања, завршен тест, материјали за школата и ужинка во деновите со предавања. Котизацијата треба да се уплати до 27 септември 2019 година на жиро сметка: 300000001276071, банка: Комерцијална  банка А.Д.-Скопје, примач: Сојуз на математичари на Македонија, уплатувач: име, презиме, училиште и одделение на ученикот-учесник, цел на дознака: Котизација за Есенска математичка школа 2019. По уплатата на котизацијата треба да пратите копија од уплатата на ems2019smm@gmail.com, најдоцна до 28 септември 2019 година.

Раководител на школата: проф. д-р Ирена Стојковска, Институт за математика, Природно-математички факултет, Скопје
Лице за контакт: асс. м-р Марко Димовски, Институт за математика, Природно-математички факултет, Скопје
Адреса за контакт: ems2019smm@gmail.com

Дописот пратен до директорите на основните и средните училишта и активите по математика може да го превземете од тука.

Поддржувачи на Есенската математичка школа 2019 се: Просветно дело –Скопје, Природно-математичкиот факултет, Педагошкиот факултет, Факултетот за електротехника и информациски технологии и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, сите при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје.