Започна SEEMOUS 2023

SEEMOUS 2023

Struga, North Macedonia

7–12 March 2023

На 8 март 2023 година, во хотелот Дрим во Струга, започна 17. Mатематичка олимпијада за студенти од Југоисточна Европа со меѓународно учество (SEEMOUS 2023) во организација на Сојузот на математичари на Македонија (СММ), Природно-математичкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и Математичкото друштво на Југоисточна Европа (MASSEE).…

Прочитај повеќе

Конечни резултати од регионалниот натпревар за средно

Почитувани ученици, колеги ментори и родители,

во прилог се конечните резултати од XLVI Регионален натпревар по математика за учениците од средните училишта. На сите ученици им честитаме за постигнатиот успех и им посакуваме уште поуспешни настапи на следните натпревари.

Право на учество на Државниот натпревар, кој ќе се одржи на 1.04.2023 година, остварија учениците со најмалку 55 поени, односно со најмалку освоена трета награда. …

Прочитај повеќе

Информации за регионалниот натпревар за основно образование

Почитувани,

во прилог е список на домаќини за 41-от Регионален натпревар по математика за основните училишта.

Само како потсетување, регионалниот натпревар ќе се одржи на 4.3.2023 година, сабота, со почеток од 10 часот.

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе

ПИ-ДЕН 2023

Почитувани,

Државниот електронски натпревар ПИ-ДЕН ќе се одржи на 19.03.2023 година, недела, со почеток во 10 часот.

Задачите имаат логички карактер, одговараат на возрасната група на која се однесуваат и организирани се во три групи со различна тежина од 1, 2 и 3 поени, соодветно. (подетално)

Натпреварот трае 90 минути. Секој пријавен учесник на натпреварот ќе добие сертификат за учество и потврда за постигнатиот успех.…

Прочитај повеќе

Информации за регионалниот натпревар за средно образование

Почитувани,

во прилог е список на домаќини за 46-тиот Регионален натпревар по математика за средните училишта.

Заради поедноставна организација и точност во бројките на присутни колеги на натпреварот, се молат менторите да го потврдат своето присуство кај домаќините на дадените e-mail адреси. 

Само како потсетување, регионалниот натпревар ќе се одржи на 4.3.2023 година, сабота.…

Прочитај повеќе

Меѓународен ден на математиката

Почитувани,

МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА МАТЕМАТИКАТА, International Day of Mathematics (IDM) е 14. март, а тој ден е познат уште и како „Денот на Пи“.

Датумот е така одбран поради првите две цифри на најпознатата математичката константа Пи,

π = 3,14…. (3 – третиот месец март, 14-от ден во месецот)

Денот на Пи се слави низ целиот свет, а оваа година темата е
МАТЕМАТИКА ЗА СЕКОГО  (Mathematics for Everyone)

Ги повикувам сите колеги математичари коишто сакаат да го одбележат денот во нашата земја, да организираат некаков математички евент во основните и средните училишта.…

Прочитај повеќе