Информација за наставата на Есенската математичка школа 2023

Драги ученици,

Ве потсетуваме дека од оваа сабота, 28.10.2023 година, продолжуваме со наставата на Есенската математичка школа 2023 во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Оваа и следните три саботи, заклучно до 18.11.2023 година, часовите ќе се одржуваат од 10 до 14 часот.

Наставата ќе се одвива во истите простории како и на 14.10.2023.…

Прочитај повеќе

Второ соопштение за Четвртата меѓународна конференција за образованието по математика, физика и сродни науки

Почитувани колеги,

По четврти пат, ДФРМ и СММ, заедно со Природно – математичкиот факултет и Институтите за физика и математика, ја организираат Меѓународната конференција за образованието по математика, физика и сродни науки.

Јазик на конференцијата          англиски и македонски

Време на одржување                 24 – 26 ноември 2023

Место на одржување                  Природно-математички факултет во Скопје

Котизација              1200 денари (за членови на СММ, ДФРМ и наставници по физика од Република                                                                                                                       Србија и Република Бугарија)

                                      1800 денари (за друг наставен кадар од основните и средните училишта)

                                      2400 денари (за универзитетски кадар, вработени во образовни институции и                                                                                                                                 др.)

Важни датуми (крајни рокови за испраќање)

Пријава за учество (вклучува наслов и апстракт – google форма)*               12.11.2023

Плаќање котизација                                                                                                        12.11.2023

Готов труд**                                                                                                                       24.12.2023          

*За пријавување пополнете ја следната google форма: https://forms.gle/3TAGnFKdvfUohfrx7

Сите прашања за конференцијата и изготвените трудови се испраќаат на komfsn@gmail.com

**Само презентираните трудови на конференцијата ќе бидат објавени во Зборникот на трудови на конференцијата.

Прочитај повеќе

Потпишан договор за соработка со „Диофант“

Почитувани,

на 13.10.2023 година, петок, беше остварена работна средба, со претседателот на математичкиот клуб „Диофант“ од Ваљево, Србија, дел од раководството на СММ, како и дел од наставниците кои ќе ја реализираат наставата во Школата за млади математичари.

Воедно беше потпишан и договор за соработка, кој во себе содржи подетален опис на идните активности.…

Прочитај повеќе

Известување за првиот ден на Есенската математичка школа 2023

Драги ученици,

Во сабота на 14.10.2023 година започнува Есенската математичка школа 2023 во организација на Сојузот на математичари на Македонија. Од 8.15 до 9.00 часот е планирана регистрација на учениците во холот во приземјето на горната зграда на Природно-математичкиот факултет во Скопје (локација на Google Maps). Од 9.00 до 9.45 часот е отварањето на школата во Математичкиот амфитеатар М121 (на првиот кат).…

Прочитај повеќе

Пријавени ученици на Есенската математичка школа 2023

Драги ученици,

На Есенската математичка школа 2023 пријавија учество следните ученици:

Список на пријавени ученици на Есенската математичка школа 2023

Во текот на следната недела, а најдоцна на 12.10.2023, ќе биде објавен подетален распоред за активностите на првиот ден на школата (отвoрање на школата и распоред на учениците по простории).

Сите информации се објавуваат на страницата на школата
https://smm.org.mk/skoli/matematicki-skoli/esenska-matematicka-skola-2023/

Ве очекуваме на математичка дружба!…

Прочитај повеќе

Четврта меѓународна конференција за образованието по математика, физика и сродни науки, 24-26 ноември 2023 година, ПМФ, Скопје

Почитувани колеги,

По четврти пат, ДФРМ и СММ, заедно со Природно – математичкиот факултет и Институтите за физика и математика, ја организираат Меѓународната конференција за образованието по математика, физика и сродни науки, која ќе се одржи во просториите на ПМФ – Скопје, во периодот 24 – 26.11.2023.

Повеќе информации за конференцијата ќе најдете на страницата на конференцијата:
https://smm.org.mk/naucni-sobiri/konferencii/

Ве очекуваме!…

Прочитај повеќе

Школа за млади математичари 2023/2024

Драги ученици, наставници и родители,

Комисијата за школи и кампови при Сојузот на математичари на Македонија, одлучи да го зголеми опсегот на активности со уште една активност – Школа за млади математичари.

Школата за млади математичари е замислена да биде продолжение на Есенската математичка школа, со што на учениците ќе им понудиме континурана работа во текот на целата учебна година.…

Прочитај повеќе

Теми на Есенската математичка школа 2023 и наградни учества

Драги ученици,

Темите на Есенската математичка школа 2023 наменета на ученици од 4 одделение до 9 одделение и ученици од I година до IV година, која ќе се реализира во месеците октомври и ноември 2023 на Природно- математичкиот факултет во Скопје се следните:

  • 4 одд.
    Броеви, Благица Милисова, професор по математика, ООУ „Браќа Миладиновци“, Пробиштип
    Програма: Собирање и одземање на природни броеви, дешифрирање на равенства.
Прочитај повеќе

Пријавување учество на Есенската математичка школа 2023

Драги ученици,

Сојузот на математичари на Македонија и оваа година во месеците октомври и ноември организира Есенска математичка школа за ученици од 4 одделение до 9 одделение од основно образование и ученици од I година до IV година од средно образование. Предавањата на школата се во саботите на Природно-математичкиот факултет во Скопје.…

Прочитај повеќе

Македонскиот тим донесе бронзен медал од IEO2023

Почитувани,

Во периодот 25.07 – 2.08.2023, се одржа Шестата меѓународна економска олимпијада на која Македонија зеде учество по втор пат. На олимпијадата учествуваат 50 тимови од 48 земји од светот. Учениците се натпреваруваа во три дела, тест од економија, игра за финансиска писменост и бизнис студија. Олимпијадата се одржа во хибриден формат, дури 15 тима оваа година беа собрани на едно место, во Волос – Грција.…

Прочитај повеќе