Олимписка школа Александар Блажевски-Цане

Почитувани, 
со почетокот на второто полугодие, во огранизација на СММ, отпочнува со работа Олимписката Школа АЛЕКСАНДАР БЛАЖЕВСКИ – ЦАНЕ

Школата е во насока на континуирана подготовка на нашите најдобри натпреварувачи за поуспешни учества на меѓународни натпревари. Веруваме дека овој проект ќе придонесе за подигнување на нивото на македонските олимписки репрезентации. 
Поканети слушатели се сите учесници на ЈММО или ММО од минатата учебна година.…

Прочитај повеќе

Официјални резултати од Вториот меморијален натпревар и екипа за EGMO 2021

Во прилог се конечните резултати од Вториот меморијален натпревар Александар Блажевски – Цане. Им честитаме на сите натпреварувачи за успешниот настап и прикажаните солидни знаења.

Согласно постигнатите резултати, прикажани во следната табела, натпреварувачкиот дел од македонската екипа на овогодинешната Европска Женска Математичка Олимпијада (EGMO 2021) ќе го сочинуваат:

  • MKD 1 Марија Атанасова
  • MKD 2 Ивона Зикова
  • MKD 3 Јасна Илиева
  • MKD 4 Емилија Николовска

Водач на екипата e Д-р Анета Гацовска-Барандовска, а заменик-водач е Ерблина Зеќири. …

Прочитај повеќе

Објавен е најновиот број на Математички Билтен

Почитувани колеги,

Објавен е првиот број од јубилејното 70. издание на списанието Матeматички Билтен, 44 (LXX) 1 (2020). Заинтересираните можат да го погледнат на официјалната интернет страница, т.е. на следниот линк: 2011-2020 – МАТЕМАТИЧКИ БИЛТЕН (smm.org.mk) 

Весна Целакоска-Јорданова,

Главен и одговорен уредник на Математички Билтен …

Прочитај повеќе

Резултати од Вториот меморијален математички натпревар „Александар Блажевски – Цане“

Викендов се одржа Вториот меморијален математички натпревар во знак на прерано починатиот македонски математичар и олимпиец Александар Блажевски – Цане. Учество зедоа 15 од најдобрите македонски натпреварувачи, а  конкуренцијата ја збогатија и 6 од најдобрите српски натпреварувачи. 
Во прилог се задачите со официјалните решенија и распределба на поени, прелиминарните резултати како и неколку фотографии кои ја доловуваат атмосферата од текот на натпреварот.…

Прочитај повеќе

Стручно мислење на СММ за потребата од реформи во основното образование

СММ изминатиот период направи детална анализа на состојбата со предметот математика во основното образование, ги разгледа проблемите кои се констатирани, ги согледа и утврди потенцијалните причинители и изготви предлог план за надминување на тие воочени проблеми.

Согледувањата, анализата и изготвениот план во облик на документ е доставен до Министерството за образование и наука, Секторот за основно образование при МОН, Педагошката служба при МОН, Бирото за развој на образованието.…

Прочитај повеќе

Повик за трудови во Математички билтен (2021)

ПОВИК ЗА ТРУДОВИ (2021)
Математички Билтен (Mat. Bilten)
Bulletin Mathématique de la Société des Mathématiciens de la République Macédoine
ISSN 0351-336X (print),  ISSN 1857-9914 (online), DOI: https://doi.org/10.37560/matbil

Математички Билтен е најстарото македонско математичко списание. Oсновано e во 1950 година. Објавува оригинални научни трудови од чиста и применета математика. Списанието има меѓунаредоен уредувачи одбор и е индексирано во следните бази: Mathematical Reviews (MathSciNet), Zentralblatt fur Mathematik, Реферативный журнал “Математика”, EBSCO, Crossref, Publons, Google Scholar, WorldCat, Semantic Scholar.…

Прочитај повеќе

Натпревари 2020/2021

Во врска со натпреварите по математика во учебната 2020/2021 година, Управниот одбор на СММ донесе одлука:

  • Општинските и регионалните натпревари за учениците од основно и средно образование ќе се одржат електронски
  • Државните натпревари за учениците од основното и средното образование, ќе се реализираат со физичко присуство, во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Прочитај повеќе

Затворање на Есенската математичка школа 2020

По два прекрасни месеци заедничко другарување со математиката, дојде време да ја затвориме Есенската математичка школа 2020.

На сите ученици им го честитаме учеството на школата, а на учениците кои го решаваа завршниот тест им го честитаме постигнатиот успех на тестот.

Воедно ви посакуваме среќни новогодишни празници и нека новата 2021 година биде подобра од годинава на заминување.…

Прочитај повеќе

Втор меморијален натпревар

Почитувани натпреварувачи,

Ве известуваме дека второто издание на меморијалниот математички натпревар во чест на прерано починатиот голем македонски математичар Александар Блажевски-Цане ќе се одржи на 9-10 јануари 2021 година.

Ги покануваме да учествуваат учениците кои оваа учебна година се во основно или средно образование и освоиле медал или пофалба на барем еден од следните четири натпревари: Првиот меморијален натпревар, ММО 2020, ЈММО 2020, ЕГМО 2020.…

Прочитај повеќе

Излегоа од печат „Сигма“ бр.118 и „Нумерус“ бр.46-1

Почитувани,

Ве известуваме дека новите броеви на списанијата Сигма и Нумерус излегоа од печат и веќе делумно се дистрибуирани. Ова се првите броеви за оваа учебна година, а вторите броеви се планирани за втората половина на јануари.

Уживајте во темите и задачите кои Уредувачките одбори на овие списанија ги подготвија за Вас!…

Прочитај повеќе