Натпревари 2020/2021

Во врска со натпреварите по математика во учебната 2020/2021 година, Управниот одбор на СММ донесе одлука:

  • Општинските и регионалните натпревари за учениците од основно и средно образование ќе се одржат електронски
  • Државните натпревари за учениците од основното и средното образование, ќе се реализираат со физичко присуство, во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје.
  • Општинските натпревари за основно и средно образование ќе се одржат на 20 февруари 2021 година.
  • Регионалните натпревари за основно и средно образование ќе се одржат на 13 март 2021 година.
  • Државниот натпревар за учениците од средното образование ќе се одржи на 10 април 2021 година.
  • Државниот натпревар за учениците од основното образование ќе се одржи на 8 мај 2021 година.

Термините и местата за одржување на олимпијадите ќе бидат дополнително објавени.

Пријавувањето за општинскиот натпревар се врши заклучно со 12 февруари 2021 година преку пополнување на следнава форма:

за основно образование

за средно образование

Заедно со пријавата, ќе треба да се прикачи потврда за уплатена котизација (pdf документ со фотографија од уплатница, од електронска уплата и слично). Котизацијата за општинскиот натпревар е 150 денари. Таа се уплаќа на сметката на СММ,

Сметка 300000001276071,
депонент на Комерцијална банка АД

Напоменуваме дека:

  • Во овие форми треба да се внесе e-mail адресата на ученикот од Националната платформа за учење на далечина (од @schools.mk). На таа адреса ќе пристигне повратен одговор кој на ученикот ќе му послужи како доказ за извршената пријава.
  • Врз основа на податоците внесени во формата, автоматски ќе бидат генерирани дипломи, сертификати, пофалници (генералиите во нив се превземаат директно од формата, т.е., што ќе се пополни, тоа ќе биде испишано). Затоа, Ве потсетуваме, внимавајте при внесување на податоците.
  • Последниот податок кој се внесува во формата содржи поле upload каде треба да се внесе доказ (исклучиво pdf документ од електронска уплата или од фотографија од уплатница) за уплата на котизација за општинскиот натпревар од 150 денари.
  • Претходната постапка успешно ќе ја реализирате само ако имате gmail адреса.

Успешното фотографирање и претворање на уплатницата во pdf, може да се оствари со користење на Аdobe Scan, CamScanner или друга апликација на телефон.

Деталите за секој натпревар, ќе ги соопшти соодветната Комисија.

Ваш СММ!