Информации за Државниот натпревар за средно образование 2021

Почитувани,

Државниот натпревар по математика за учениците од средните училишта ќе се одржи по следниот распоред:

  • втора (II) и четврта (IV) година на 8.05.2021 година, сабота
  • прва (I) и трета (III) година на 9.05.2021 година, недела

Почетокот на натпреварот е во 10 часот.

Очекуваме учениците да се пред влезот на Природно математичкиот факултет во Скопје, во 9:30 со цел навремено распоредување во амфитеатрите.…

Прочитај повеќе

Правилник за ММО и екипи на меѓународните натпревари

Почитувани,

УО донесе посебен правилник за реализација на Македонската математичка олимпијада 2021 и избор на екипите за меѓународните натпревари за учебната 2020/2021 за средно образование.

ПРАВИЛНИК

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ОДЛОЖУВАЊЕ НА ДРЖАВНИТЕ НАТПРЕВАРИ

Почитувани,

заради продолжувањето на рестриктивните мерки поврзани со Covid-19, ве известуваме дека СММ одлучи да ги одложи државните натпревари за средно и основно образование. 

Новите термини за одржување на државните натпревари се:

  • средно образование 8 и 9 мај 2021 година
  • основно образование 15 и 16 мај 2021 година

Повеќе детали околу натпреварите ќе бидат објавени подоцна. Напоменуваме дека евентуалното натамошно одложување на натпреварите ќе зависи од мерките кои ќе ги донесува Владата. 

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе

EGMO 2021

Почитувани,

во периодот 9-15.04.2021 се одржа Десеттата Европска женска математичка олимпијада ЕГМО 2021.

МКД тимот постигна одлични резултати.

Достигнувањата овој пат се:

златен медал – Марија Атанасова,

сребрен медал – Јасна Илиева и

бронзен медал – Емилија Николовска.

Успешно се покажа и значително го подобри тимскиот успех и Ивона Зикова.

Честитки до натпреварувачите!…

Прочитај повеќе

Известување за Државниот натпревар за средно образование

Почитувани,

во согласност со новите мерки за справување со пандемијата, СММ одлучи Државниот натпревар по математика за учениците од средното образование, да се одложи за 14 дена.

Според тоа, новите термини за натпреварот се 24.04.2021 год. (сабота) и 25.04.2021 год. (недела). Подетално за распоредот, по години, во овие термини, ќе објавиме дополнително.…

Прочитај повеќе

Список на учесници на Државниот натпревар по математика за основно образование

Почитувани,

Државниот натпревар по математика за учениците од основното образование ќе се одржи на 8.05.2021 година, сабота и 9.05.2021 година, недела.

На Државниот натпревар се пласирани сите ученици од шесто, седмо, осмо и деветто одделение кои освоиле прва награда и оние ученици од деветто одделение кои освоиле втора награда на Регионалниот натпревар.…

Прочитај повеќе

Список на учесници на Државниот натпревар по математика за средно образование

Почитувани,

Државниот натпревар по математика за учениците од средното образование ќе се одржи на 10.04.2021 година, сабота и 11.04.2021 година, недела.

На Државниот натпревар се пласирани сите наградени ученици од прва и втора година, како и сите пофалени и наградени ученици од трета и четврта година.

Конечниот список со постигнатиот успех на сите ученици од Регионалниот натпревар за средно образование 2021 година, може да го најдете овде.…

Прочитај повеќе

Прелиминарни резултати од Регионалниот натпревар за основно образование 2021

Почитувани,

следуваат прелиминарните резултати од Регионалниот натпревар, по одделенија, за учениците од основното образование.

Правото за приговор, може да го реализирате преку пополнување на следната форма до 19 часот во петок, 19.03.2021 година.

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе

Победници на ПИ-ДЕН 2021

Почитувани ученици, наставници, родители и љубители на математиката, го завршивме второто заедничко прославување на Меѓународниот ден на математиката, 14 март 2021 година.

Задачите, решенијата и вашиот постигнат успех од државниот електронски натпревар, ќе ги добиете на електронската пошта со која се најавивте како учесник.

Првопласираните учесници во секое одделение/година се во следниот список.

Прочитај повеќе

Прелиминарни резултати од Регионалниот натпревар за средно образование 2021

Почитувани,

следуваат прелиминарните резултати од Регионалниот натпревар, по години, за учениците од средното образование.

Правото за приговор, може да го реализирате преку пополнување на следната форма до 23 часот во вторник, 16.03.2021 година.

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе