Информација за завршниот тест на ЕМШ2022

Драги ученици,

Ве информираме дека завршниот тест на Есенската математичка школа 2022 ќе се одржи на 03.12.2022 (сабота), со почеток во 10 часот, во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Учениците треба да бидат пристигнати во 9.30 часот пред зградата на ПМФ, за да бидат распределени во просториите за полагање на тестот.…

Прочитај повеќе

SEEMOUS- First Announcement

South Eastern European Mathematical Olympiad for University Students with International Participation

SEEMOUS 2023

Struga, North Macedonia, March 7 – 12, 2023

Organizers:

  • Mathematical Society of South Eastern Europe (MASSEE),
  • Union of Mathematicians of Macedonia,
  • Faculty of Natural Sciences and Mathematics,
  • Ss. Cyril and Methodius University in Skopje

Dear colleagues,

We are pleased to inform you that the Mathematical Society of South Eastern Europe (MASSEE) announces the 17th Mathematical Olympiad for the first and the second year university students – SEEMOUS 2023.…

Прочитај повеќе

Четврти меморијален математички натпревар АБЦ

Почитувани натпреварувачи,
Ве известуваме дека четвртото издание на меморијалниот математички натпревар во чест на
прерано починатиот голем македонски математичар Александар Блажевски – Цане ќе се одржи
на 17-18 декември 2022 година.
Станува збор за натпреварување од олимписки формат: се состои од шест задачи (по три во два
натпреварувачки дена), за чие решавање се предвидени по 4 и пол саати дневно.…

Прочитај повеќе

Учениците од ЕМШ2022 го прославија Светскиот ден на детето

Ја прифативме поканата на Комерцијална банка и Фудбалската федерација на Македонија заедно да ја споделиме љубовта кон македонскиот фудбал и да се приклучиме кон прославувањето на Светскиот ден на детето под мотото #ЕденТим и да го насочиме вниманието кон прашањата важни за децата – како што се еднакви можности, квалитетно образование, здрава животна средина и ментално здравје за секое дете.…

Прочитај повеќе

Прво соопштение за Седмиот македонски математички конгрес

Почитувани колеги,

Ни претставува посебно задоволство да Ве поканиме на VII Македонски математички конгрес, во организација на Сојузот на математичарите на Македонија. 

Конгресот ќе се одржи во Хотел Дрим, Струга, во периодот 27 –30 јуни, 2023 година.

Ова е одлична можност за истражувачи од различни области на математиката да дискутираат за напредокот во науката, да споделуваат идеи и да ја промовираат меѓународната соработка.…

Прочитај повеќе

Македонска економска олимпијада-МЕО

Почитувани,

СММ организира Македонска економска олимпијада (во понатамошниот текст МЕО) за учениците од средното образование во Република Северна Македонија.

МЕО е годишна државна олимпијада првенствено наменета за стимулирање и продлабочување на знаењата од економија, финансии, бизнис и примена на математичките модели во економијата, за учениците заинтересирани за овие области.

Повеќе детали во Правилникот за МЕО.…

Прочитај повеќе

Известување за Есенската математичка школа 2022

Драги ученици,

Оваа сабота, 29.10.2022 година, продолжуваме со наставата на Есенската математичка школа 2022, која во план е да се дореализира во следните четири последователни саботи: 29.10, 05.11, 12.11 и 19.11 по следниот распоред:

  • 10:00 – 11:45 ПРЕДАВАЊА
    (2 часа од по 45-50 мин. и една пауза од 5-10 мин.)
  • 11:45 – 12:15 УЖИНКА (30 мин)
  • 12:15 – 14:00 ПРЕДАВАЊА
    (2 часа од по 45-50 мин.
Прочитај повеќе

Информации за првиот ден на Есенската математичка школа 2022

Драги ученици,

Во сабота на 15.10.2022 година започнува Есенската математичка школа 2022 во организација на Сојузот на математичари на Македонија. Од 8.30 до 9.15 часот е планирана регистрација на учениците во холот во приземјето на горната зграда на Природно-математичкиот факултет во Скопје (локација на Google Maps). Од 9.15 до 9.45 часот е отварањето на школата во Математичкиот амфитетар М121 (на првиот кат).…

Прочитај повеќе

Пријавени ученици на Есенската математичка школа 2022

Драги ученици,

На Есенската математичка школа 2022 се пријавија следните ученици:

Список на пријавени ученици на ЕМШ2022

Во текот на следната недела, најдоцна на 13.10.2022 година, ќе биде објавен подетален распоред за активностите на првиот ден на школата (отварање на школата и распоред на учениците по простории).

Ве очекуваме заедно да освојуваме нови математички врвови!…

Прочитај повеќе

Наградни учества на Есенската математичка школа 2022

Драги ученици,

Сојузот на математичари на Македонија одлучи на следните ученици – добитници на прва награда на Државните натпревари по математика 2022, да им додели наградни учества на Есенската математичка школа 2022:

  1. Валентино Атанасовски VII одд, ООУ „Кочо Рацин“, Скопје
  2. Моника Стефановска Гоџо VII одд, ООУ „Кирил Пејчиновиќ“, Скопје
  3. Дијар Адеми VII одд, ПОУ „Јахја Кемал“, Тетово
  4. Ана Митевска VII одд, ООУ „Кирил Пејчиновиќ“, Скопје
  5. Филип Хаџи-Велков VII одд, ООУ „Димитар Миладинов“, Скопје
  6. Калина Грашкоска VII одд, ООУ „Кочо Рацин“, Скопје
  7. Никола Стојковски VIII одд, ООУ „Ѓорѓија Пулевски“, Скопје
  8. Кирил Атанасов VIII одд, ООУ „11 Октомври“, Скопје
  9. Јаков Геговски VIII одд, ООУ „Јохан Ханрих Песталоци“, Скопје
  10. Матеј Стоименов VIII одд, ООУ „Климент Охридски“, Чешиново-Облешево
  11. Ангел Мукоски VIII одд, ООУ „Димитар Миладинов“, Скопје
  12. Андрија Младеновиќ IX одд, ООУ „11 Октомври“, Скопје
  13. Виктор Максимоски IX одд, ООУ „Башкими – Единство“, Гостивар
  14. Ивано Божиновски IX одд, ООУ „Ѓорѓија Пулевски“, Скопје
  15. Лео Нелоски IX одд, ООУ „Григор Прличев“, Охрид
  16. Петар Дамјаноски IX одд, ООУ „Димитар Миладинов“, Скопје
  17. Бистра Бојаџиевска IX одд, ООУ „Лазо Трповски“, Скопје
  18. Леонид Тодороски I год, ПСУ „Јахја Кемал“, Струга
  19. Марко Митевски I год, Математичко-информатичка гимназија, Скопје
  20. Нина Ламева I год, ПСУ „Јахја Кемал“, Скопје
  21. Калина Милисова I год, ПСУ „Јахја Кемал“, Скопје
  22. Алексиј Тасиќ II год, ПСУ „Јахја Кемал“, Скопје
  23. Бранко Јангеловски II год, ПСУ „Јахја Кемал“, Скопје
  24. Никола Спировски III год, ПСУ „Јахја Кемал“, Скопје
  25. Јан Стојановски III год, ПСУ „Јахја Кемал“, Скопје
  26. Емилија Николовска III год, Математичко-информатичка гимназија, Скопје
  27. Дамјан Давков I год, Математичко-информатичка гимназија, Скопје
  28. Мајкл Георгиевски IV год, СОУ Гимназија „Добри Даскалов“, Кавадарци

За да го потврдат своето учество на Есенската математичка школа 2022, наградените ученици треба да ја пополнат пријавата за учество која се наоѓа на страницата на школата: https://smm.org.mk/skoli/matematicki-skoli/esenska-matematicka-skola-2022/.…

Прочитај повеќе