Четврти меморијален математички натпревар АБЦ

Почитувани натпреварувачи,
Ве известуваме дека четвртото издание на меморијалниот математички натпревар во чест на
прерано починатиот голем македонски математичар Александар Блажевски – Цане ќе се одржи
на 17-18 декември 2022 година.
Станува збор за натпреварување од олимписки формат: се состои од шест задачи (по три во два
натпреварувачки дена), за чие решавање се предвидени по 4 и пол саати дневно. Натпреварот се
реализира во две категории: ЈУНИОРИ и СЕНИОРИ. Тежината на задачите во категоријата ЈУНИОРИ
(одн. СЕНИОРИ) е приближна на тежината на задачите од последното издание на ЈММО (одн.
ММО). Списоците на поканети по категорија можете да ги погледнете тука и тука. Очекуваме да
земат учество сите наградени на 26. ЈММО и сите учесници на 29. ММО.
Воедно, натпреварот претставува и единствено изборно натпреварување за ЕГМО 2023. Во
конкуренција (за четиричлената македонска екипа) се сите натпреварувачки во категоријата
СЕНИОРИ. Оттаму, секоја ученичка која е поканета во категоријата ЈУНИОРИ може да одбере да се
натпреварува во категоријата СЕНИОРИ.
Натпреварот ќе се одржи во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Поканетите учесници ги очекуваме пред зградата на ПМФ најдоцна до 9:30 часот. Почетокот е во
10 часот.

Во име на Комисијата за ММО и меѓународни натпревари за средно образование
Мирко Петрушевски