Пријавени ученици и домаќини на општинскиот напревар за основно

Почитувани,

ги објавуваме пријавените ученици и домаќини за општинскиот натпревар по математика за учениците од основните училишта, кој ќе се одржи на 4 февруари 2023 година со почеток во 10 часот.

Ги повикуваме општините во кои досега нема пријавено домаќини, да се пријават во најбрз можен рок заради одржување на натпреварот. …

Прочитај повеќе

Информација за Општинскиот натпревар по математика

Почитувани ученици,

заради голем интерес и одложен почеток на второто полугодие

рокот за пријавување , за општинскиот натпревар по математика, се продолжува до понеделник, 30.01.2023 година.

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе

Второ соопштение за Седмиот македонски математички конгрес

Почитувани колеги,

Ни претставува посебно задоволство да Ве поканиме на VII Македонски математички конгрес, во организација на Сојузот на математичарите на Македонија. 

Конгресот ќе се одржи во Хотел Дрим, Струга, во периодот 27 –30 јуни, 2023 година.

Ова е одлична можност за истражувачи од различни области на математиката да дискутираат за напредокот во науката, да споделуваат идеи и да ја промовираат меѓународната соработка.…

Прочитај повеќе

Информација за општинскиот натпревар по математика

Почитувани,

сите информациите за општинскиот натпревар по математика кој ќе се одржи на 4 февруари 2023 година може да ги најдете овде (за основно образование) и овде (за средно образование)

Ваш СММ!

Прочитај повеќе

МЕО-Македонска економска олимпијада

Почитувани,

СММ организира Македонска економска олимпијада (во понатамошниот текст МЕО) за учениците од средното образование во Република Северна Македонија.

МЕО е годишна државна олимпијада првенствено наменета за стимулирање и продлабочување на знаењата од економија, финансии, бизнис и примена на математичките модели во економијата, за учениците заинтересирани за овие области.

Повеќе детали во Правилникот за МЕО.…

Прочитај повеќе

Доделување дипломи од Есенската математичка школа 2022

На 24.12.2022, сабота, во просториите на Природно – математичкиот факултет во Скопје се одржа последната активност од Есенската математичка школа 2022 во организација на Сојузот на математичари на Македонија (15.10 – 03.12.2022) – доделувањето на дипломите за постигнатиот успех на завршниот тест.

Дипломите на учениците им ги врачија нивните наставници, предавачите на школата, кои им порачаа на учениците да продолжат да ја сакаат математиката и да стекнуваат секојдневно нови математички знаења.…

Прочитај повеќе

Информација за доделувањето дипломи од Есенската математичка школа 2022

Драги ученици,

Ве потсетуваме дека доделувањето на дипломите за успехот на завршниот тест на Есенската математичка школа 2022 ќе се одржи на 24.12.2022 година, сабота, со почеток во 10 часот во Математичкиот амфитеатар М121 на Институтот за математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Ве очекуваме!

Проф. д-р Ирена Стојковска,
Раководител на ЕМШ2022…

Прочитај повеќе

Конечни резултати од четвртиот меморијален натпревар-АБЦ

Почитувани,

во прилог се конечните резултати постигнати на Четвртиот меморијален математички натпревар Александар Блажевски – Цане, одржан на 17-18.12.2022 година на ПМФ-Скопје:

Согласно резултатите, македонската екипа за следната Европска Женска Математичка Олимпијада е следната:

  • МКД 1 Емилија Николовска (III година)
  • МКД 2  Ивона Зикова (III година)
  • МКД 3 Миша Веселински(II година)
  • МКД 4  Сара Тошевска (II година)

Водач и заменик-водач на екипата се: Анета Гацовска-Барандовска и Ерблина Зеќири. 

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе

Прелиминарни резултати од четвртиот меморијален натпревар-АБЦ

Почитувани,

во прилог се прелиминарните резултати од четвртиот Меморијален математички натпревар „Александар Блажевски – Цане:

Евентуалните приговори можете да ги испратите на е-адресата mirko.petrushevski@gmail.com во текот на утрешниот ден, понеделник 19.12.2022 година, најдоцна до 23:30 часот.

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе