Почитувани,
Ја објавуваме завршната сметка на СММ за 2019 година.
Ваш СММ!
…
Почитувани,
Во екот на подготовките околу организацијата на општинскиот натпревар за нашите најмлади учесници, сметаме дека не е на одмет да повториме некои од важните чекори кои мора заеднички да ги направиме за да им овозможиме на учениците прекрасно искуство!
Ве потсетуваме дека пријавата на учениците се врши заклучно со 20.02.2020 година (четврток).…
Прочитај повеќеПочитувани ученици, наставници, родители и директори на училишта,
Деновиве добивме многу писма и јавувања од поединци, Природно – математички активи и директори на основни и средни училишта од Македонија, во врска со писмото кое што училиштата го добиле од здружението АРМАГАНКА, за организирање на математичкиот натпревар “Кенгур 2020”. За да не одговараме поединечно на сите нив, сакаме целата македонска јавност да ја информираме дека:
1) Сојузот на математичари на Македонија (СММ) е единствено акредитирано здружение од Министерството за наука и образование (МОН) за организирање натпревари од наставниот предмет Математика на територијата на Република Северна Македонија (согласно добиената акредитација од МОН во април 2017 година со важност од 3 години, заклучно со учебната 2019/2020 година).…
Прочитај повеќеНа 16.02.2020 (недела) во математичкиот амфитеатар при ПМФ-Скопје се одржа првото (од предвидените две) тестирање за избор на македонска екипа за овогодинешното издание на престижната Европска Женска Математичка Олимпијада (EGMO 2020), која ќе се одржува во периодот 16.04 – 21.04. во Холандија. Во прилог се задачите и официјалните решенија (со предвидена шема за бодување) .…
Прочитај повеќеПочитувани,
Државниот натпревар по математика за учениците од средното образование ќе се одржи на 14.03.2020 година.
Право на учество имаат следните ученици.
Од претседателот на комисијата за општински, регионални и државни натпревари за учениците од средните училишта
Д-р Анета Гацовска-Барандовска
…
Почитувани,
еве ги задачите и решенијата од регионалниот натпревар по математика за учениците од средното образование кој се одржа на 8.02.2020 година.
Од претседателот на комисијата за општински, регионални и државни натпревари за учениците од средните училишта
Д-р Анета Гацовска-Барандовска
…
Ова се конечните резултати од Регионалниот натпревар одржан на 8.02.20202 година.
Списокот со учесници на Државниот натпревар ќе биде објавен наскоро.
Од претседателот на комисијата за општински, регионални и државни натпревари за учениците од средните училишта
Д-р Анета Гацовска-Барандовска
…
Според член 18 од Статутот на СММ, Претседателот на СММ свикува редовно собрание на ден 22.02.2020 година во 12 часот во Математичкиот амфитеатар на Природно-математичкиот факултет во Скопје, со следниот
ДНЕВЕН РЕД
Ве потсетуваме да ја пополните пријавата за членство во СММ.…
Прочитај повеќеПочитувани,
во прилог е листата на домаќини за 43-тиот регионален натпревар за учениците од средните училишта, кој ќе се одржи на 8.02.2020 со почеток во 10.00 часот. Се молат учесниците да бидат на местата на одржување на натпреварот најдоцна во 9.30 часот утрото. Се молат менторите на учениците, најдоцна до вторник, 4.02.2020, да го најават своето лично присуство на регионалниот натпревар на smm.sredno@gmail.com, со цел полесна организација на натпреварот.…
Прочитај повеќе
Почитувани ученици, родители и наставници!
Сојузот на математичари на Македонија, Ве поканува да станете дел од циклусот натпревари за учениците од основното образование, кој започнува на 29.02.2020 година, со општинскиот натпревар.
Сите потребни информации поврзани со овој натпревар се:
Од комисијата за задачи за општински, регионални и републички натпревари за
учениците од основните училишта
Претседател, Трајче Ѓорѓијевски
…