Резултати од Регионалниот натпревар по математика за основно образование

Почитувани,

следуваат резултатите од Регионалниот натпревар по математика за учениците од основното образование, кој се одржа електронски на 04.07.2020 година, сабота, од 10 до 12 часот.

Според одлуката на Комисијата за натпревари за ученици од основното образование, изготвена е прелиминарна единствена ранг – листа, за секое одделение посебно.

Сакаме да ве потсетиме дека имате право на приговор, кој се поднесува електронски со пополнување на следниот формулар, во рок од еден ден, односно до 06.07.2020 година, понеделник, во 23:59 часот.

Од комисијата за задачи за општински, регионални и републички натпревари за
учениците од основните училишта

Претседател, Трајче Ѓорѓијевски