Информации за државниот натпревар по математика за основно и средно образование

Почитувани,

Ве известуваме дека

  • Државниот натпревар по математика за учениците од средното образование ќе се одржи на 15 и 16 август 2020 година со почеток во 10 часот на ПМФ.

На натпреварот ќе учествуваат само учениците кои имаат право да учествуваат и кои до 10 август 2020 година до 23 часот и 59 минути ќе ја пополнат следната пријава за учество .

  • Државниот натпревар по математика за учениците од основното образование ќе се одржи на 22 и 23 август 2020 година со почеток во 10 часот на ПМФ.

На натпреварот ќе учествуваат само учениците кои имаат право да учествуваат и кои до 16 август 2020 година до 23 часот и 59 минути ќе ја пополнат следната пријава за учество .

Пријавата е успешна само ако после submit се појави пораката:

Вашата пријава е примена. Ќе добиете e-mail за потврда. Ваш СММ!

Во зависност од бројот на пријавени ученици по години (одделенија) најдоцна до четвртокот пред натпреварот (т.е. 13.08.2020 година за средно и 20.08.2020 година за основно) ќе биде објавен детален распоред за текот на натпреварот односно која година (одделение), во кој ден (сабота или недела) и во која просторија на ПМФ ќе се одвива натпреварот.

Двата натпревари ќе се одржат во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје, со физичко присуство на учениците и со почитување на протоколот за работа на ПМФ при физичко присуство.

Ваш СММ!