Резултати од државниот натпревар за средно образование

Почитувани,

заврши 64. Државен натпревар по математика!

Конечните резултати по години се следните:

Државните прваци по години се:

1. Заради изедначениот број на поени на Државниот натпревар, државниот првак за прва година ќе го одредиме по завршување на ММО 2021. Копјата ќе се кршат меѓу:     

1) Јан Стојановски, ученик во ПСУ „Јахја Кемал“ Скопје, од Скопје     

2) Никола Спировски, ученик во ПСУ „Јахја Кемал“ Скопје, од Скопје

2. Државен првак во втора година е:     

Дамјан Давков, ученик во осмо одделение во ООУ „Ванчо Прке“, од Штип 

3. Државен првак во трета година е:     

Бојан Димовски, ученик во трета година во ССОУ „Коле Неделковски“, од Велес

4. Државен првак во четврта година е:       

Лука Грашкоски, ученик во четврта година во  ПСУ „НОВА“, од Скопје

Од комисијата за општински, регионални и државни натпревари за учениците во средните училишта

Ваш СММ!