Реакција на членството на СММ по повод предложената концепција

Почитувани,

Ги сумиравме реакциите, предлозите, критиките и сите коментари кои ги испративте по повод предложената концепција за гимназиско образование во еден документ кој е испратен до Бирото за развој на образованието.

Во прилог е текстот на документот.

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе

Конечни резултати од шестиот меморијален натпревар „Александар Блажевски-Цане“

Почитувани,

во прилог се конечните резултати постигнати на Шестиот меморијален математички натпревар „Александар Блажевски – Цане“, одржан на 25-26.1.2025 година:

Согласно резултатите, македонската екипа за овогодинешната Европска Женска Математичка Олимпијада е следната:

  • МКД 1 Антонела Владева
  • МКД 2 Илина Арсовска 
  • МКД 3 Михаела Смилевска
  • МКД 4 Миша Веселински 

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе

Пријавени учесници за општинскиот натпревар

Почитувани,

во прилог се списоците на сите пријавени ученици за оптинскиот натпревар по математика за учебната 2024/2025 година:

Упатствата за спроведување на натпреварот се испратени до училишните координатори.

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе

Се одржа шестиот меморијален натпревар – АБЦ

Почитувани,

викендов во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје, се одржа шестиот меморијален математички натпревар „Александар Блажевски – Цане“.

Во прилог се неколку фотографии од настанот, задачите во категориите јуниори односно сениори и официјалните решенија со распределбата на поени.

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе

Шести меморијален натпревар „Александар Блажевски-Цане“

Почитувани натпреварувачи,
Ве потсетуваме дека шестото издание на меморијалниот математички натпревар „Александар Блажевски – Цане“ ќе се одржи претстоечкиот викенд, на 25-26 јануари 2025 година во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Поканетите учесници ги очекуваме пред факултетската зграда најдоцна до 9:30 часот. Почетокот е во 10 часот.

Во име на Комисијата за ММО и меѓународни натпревари за средно образование
Мирко Петрушевски

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе