Драги ученици и наставници,
Во учебната 2023/2024 година, Сојузот на математичари на Македoнија започна со реализација на Школата за млади математичари, во соработка со Математичкиот клуб „Диофант“ од Ваљево, Србија. Задачите кои се работат на Школата за млади математичари ги објавуваме во електронско списание „Диофант“ кое излегува повремено и по потреба и е со слободен пристап.
Во вториот број на електронското списание за додатна настава по математика „Диофант“ се содржани задачите од вторите шест теми на Школата за млади математичари 2023/2024. Секоја од темите е предвидена да се работи на еден блок часови, односно два наставни часа. На секоја тема ѝ се придружени соодветни задачи за домашна работа. Задачите се изложени од поедноставни кон посложени, за постепено разработување на темата. Веруваме дека овие задачи ќе бидат од помош на наставниците по математика при реализација на додатната настава по математика. Исто така, се надеваме дека и за учениците овие задачи ќе бидат интересни за решавање.
Кон страницата на е-списанието „Диофант“ може да пристапите на следниот линк: https://smm.org.mk/spisanija/diofant/.