Почитувани,
во саботата, 25.06.2022, во просториите на ПМФ – Скопје, се одржа вториот селекционен натпревар за меѓународната економска олимпијада.
Петтата меѓународна економска олимпијада, ќе се одржи во периодот 26.07 – 1.08.2022 година, онлајн, во организација на SKT Educational Group and Xi’an Jiantong-Liverpooл Универзитетот во Кина.
Македонскиот тим, кој за прв пат ќе ја претставува нашата држава на ова меѓународно натпреварување се состои од петчлен тим во состав:
1. Давид Ставров, III година, Алгоритам Центар – Скопје
2. Стефанија Кузмановска, II година, ДСУ Математичко – информатичка гимназија – Скопје
3. Рина Толева, III година, СЕПУГС „Васил Антевски – Дрен“ – Скопје
4. Давид Арсовски, III година, СЕПУГС „Васил Антевски – Дрен“ – Скопје
5. Јана Срезовска, IV година, СЕПУГС „Васил Антевски – Дрен“ – Скопје
Водачи на тимот се Анета Гацовска – Барандовска, ПМФ – Скопје и Борче Јошевски, СЕПУГС „Васил Антевски – Дрен“ – Скопје.
Ваш СММ!