Подетални информации за ПИ ДЕН 2022

Почитувани,

Математичкиот државен електронски натпревар ПИ-ДЕН се реализира во чест на Меѓународниот ден на математиката.

Притоа, најмладите учесници имаат вкупно 10 задачи, од кои првите три носат по 1 поен, следните четири по 2 поени и последните три по 3 поени т.е. вкупно 20 поени.

Учениците од второ одделение имаат вкупно 15 задачи од кои првите четири по 1 поен, следните седум по 2 поени и последните четири по 3 поени т.е. вкупно 30 поени.

Почнувајќи од трето одделение, па се до категоријата 18+, сите учесници имаат вкупно 20 задачи, од кои, првите пет носат по 1 поен, по 2 поени носат следните 10 и по 3 поени последните 5 задачи т.е. вкупно 40 поени.

Најдобар е оној натпреварувач кој ќе реши најмногу точни задачи и за најкратко време, од максималните 90 минути.

На 13.03.2022 година, недела, секој од вас, на интернет страницата на СММ smm.org.mk, ќе може да пристапи до задачите од неговата категорија и тоа:

  • 1,2,3,4 и 5 одделение, има пристап до системот во 10 часот на 13.03.2022 година
  • 6,7,8 и 9 одделение, има пристап до системот во 12 часот на 13.03.2022 година
  • I, II, III и IV година, има пристап до системот во 14 часот на 13.03.2022 година
  • 18+ , има пристап до системот во 16 часот на 13.03.2022 година

Сите задачи имаат решение природен број или нула. Натпреварувачите го внесуваат бараниот број во соодветното поле. На крај системот можеби ќе побара автентичност на корисникот (I’m not a robot).  Натпреварот завршува кога ќе ги пополните сите полиња за решенија и ќе изберете Submit, за максимално време од 90 минути. На електронската пошта која ја наведовте на почеток на натпреварот ќе ви стигнат податоци со вашите решенија. Тоа е потврда дека вашите решенија се примени во системот.

Ваш СММ!