Упатство за спроведување на Регионалниот натпревар по математика за средно образование

Почитувани,

натпреварот ќе се одржи на 12.03.2022 година, сабота, со почеток во 10.00 часот во училиштата означени како домаќини во секој од регионите.

Учениците е потребно да бидат во училиштата во 9.30 часот, за навремено отварање на натпреварот, разместување на учениците по училници и навремен почеток на натпреварот.

Учениците се натпреваруваат во две групи на задачи, задачи група А – сите гимназии и задачи група Б – стручните училишта. Задачите се на јазикот на кој ученикот ја посетува наставата по математика.

Како потсетување, право на учество на Регионалниот натпревар имаат сите ученици кои освоиле најмалку 30 поени на општинскиот натпревар.

Учеството на регионалниот натпревар мора да го пријави секој ученик кој сака да учествува. Пријавувањето се врши преку следниве форми:

Натпреварот е со траење од 150 минути. Резултатите ќе бидат објавени во рок од 2-4 часа зависно од бројот на ученици кои учествуваат во соодветен регион. Приговорите ќе бидат разгледани од комисијата за прегледување и делегатот на СММ на лице место.

Секое училиште кое учествува со свои натпреварувачи, согласно Правилникот за натпревари е должно да испрати најмалку по еден прегледувач во регионот.

Ви посакувам успешен натпревар на сите!

Анета Гацовска – Барандовска

Претседател на комисијата за општински,

регионални и државни натпревари по математика за средните училишта