Конечни резултати од општинскиот натпревар

Почитувани,
по разгледување на приговорите ова се конечните резултати од општинскиот натпревар по математика за учениците од основното и средното образование:

Право на учество на Регионалниот натпревар имаат сите ученици кои освоиле најмалку 30 поени на општинскиот натпревар.

Учеството на регионалниот натпревар мора да го пријави секој ученик кој сака да учествува. Пријавувањето се врши преку следниве форми:

Со одлука на УО на СММ, Регионалниот натпревар за учениците од основното образование се одложува за 26.03.2022 година, сабота.

Ве потсетуваме дека учениците од јавните основни и средни училишта ја внесуваат e-mail адресата од Националната платформа за учење на далечина (на @schools.mk). Учениците од приватните основни и средни училишта ја внесуваат својата сопствена e-mail адреса.
Повратниот одговор ќе го добиете на таа адреса кој ќе служи како доказ за пријавата и за целосната понатамошна комуникација. Рокот за пријавување завршува во во 23:59 на 06.03.2022 година за учениците од средното образование и на 16.03.2022 година за учениците од основното образование.

Согласно одлуката на УО на СММ котизацијата за Регионалниот натпревар изнесува 150 денари за 4 и 5 одделение, 200 денари за 6 одделение, а 250 денари за сите останати ученици. При пополнување на формата за пријава мора да се прикачи и доказ за извршената уплата на котизација.
Повеќе детали за регионалниот натпревар ќе објавиме наскоро.

Пријавувањето на училишта-домаќини по региони може да се изврши на следните адреси:

  • smm.oddelenska@gmail.com или smm.predmetna@gmail.com, за основно образование;
  • smm.sredno@gmail.com, за средно образование

Крајниот рок за пријавување на училиштата-домаќини е 6.03.2022 година за средно образование, а 16.03.2022 година за основно образование.


Ваш СММ!