Почитувани,
денес во просториите на ПМФ со почеток во 10 часот се одржа дваесет и петтата Јуниорската Македонска Математичка Олимпијада (ЈММО 2021).
Учесници на овој натпревар се сите учениците кои се:
- седмо одделение и на државниот натпревар освоиле најмалку втора награда
- осмо одделение и на државниот натпревар освоиле најмалку втора награда
- деветто одделение и на државниот натпревар освоиле најмалку трета награда
- средношколци и на државниот натпревар за средно образование имаат најмалку трета награда и се родени на или подоцна од 24 Декември 2005 година.
Во прилог се задачите и решенијата на задачите од овој натпревар.
Дел од атмосферата на натпреварот споделуваме преку галеријата слики.
Ваш СММ!