Конечни резултати од ЈММО 2021

Почитувани

Во прилог се  конечните резултати и распределбата на медали од ЈММО 2021.

Избрана e екипата која ќе ја претставува нашата земја на 25. Јуниорска Балканска Математичка Олимпијада:

  • Алексиј Тасиќ, ученик од IX одделение при ООУ ,,Ѓорѓија Пулевски”-Скопје, 
  • Дамјан Давков, ученик од VIII одделение при ООУ „Ванчо Прке“-Штип,
  • Бранко Јангеловски, ученик од IX одделение при ООУ „Блаже Конески“-Скопје,
  • Леонид Тодороски, ученик од VIII одделение при ООУ „Григор Прличев“-Охрид,
  • Миша Веселински, ученичка од IX одделение при ПОУ „Јахја Кемал“-Скопје,
  • Михаела Смилевска, ученичка од IX одделение при ООУ „Кирил Пејчиновиќ“-Скопје,

Со нашите олимпијци ќе бидат:

  • Делчо Лешковски, како водач,
  • Борче Јошевски, како заменик водач.
Прочитај повеќе

Прелиминарни резултати од ЈММО 2021

Почитувани,

Комисијата за Македонска математичка олимпијада за учениците до 15,5 години и меѓународни натпревари за учениците до 15,5 години ги прегледа решенијата на олимпијците и ја подготви следната листа со

прелиминарни резултати

Приговорите на резултатите испратете ги на dleskovski@gmail.com , најдоцна до 9 јуни 2021 до 21 часот.

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе

Се одржа ЈММО 2021

Почитувани,

денес во просториите на ПМФ со почеток во 10 часот се одржа дваесет и петтата Јуниорската Македонска Математичка Олимпијада (ЈММО 2021).

Учесници на овој натпревар се сите учениците кои се:

  • седмо одделение и на државниот натпревар освоиле најмалку втора награда
  • осмо одделение и на државниот натпревар освоиле најмалку втора награда
  • деветто одделение и на државниот натпревар освоиле најмалку трета награда
  • средношколци и на државниот натпревар за средно образование имаат најмалку трета награда и се родени на или подоцна од 24 Декември 2005 година.
Прочитај повеќе

Избран е олимпискиот тим!

Почитувани,

избран е олимпискиот тим кој ќе не претставува на ИМО 2021!

Во прилог е табелата со распределба на бодовите според подготвениот Правилник за ММО.

Во пресрет на олимпијадата, само накусо потсетување на дел од сценариото кое е планирано од страна на домаќините на овој виртуелен настан:

  • активностите за лидерот и неговиот заменик започнуваат на 16.07.2021 година и траат до 24.07.2021 година
  • церемонијата на отворањето ќе биде на 18.07.2021 година
  • натпреварувањето се реализира во два дена, 19.07.2021 година и 20.07.2021 година

Останатите аспекти поврзани со техничкиот дел од организацијата и поддршката на олимпијците, подетално може да ги прочитате овде.…

Прочитај повеќе