Термини за Државен натпревар 2021 за основно образование

Почитувани,

ве информираме дека Државниот натпревар 2021 за учениците од основното образование ќе се реализира според следниот распоред:

  • шесто одделение, сабота, 15.05.2021 година, со почеток во 10 часот
  • седмо одделение, недела, 16.05.2021 година, со почеток во 10 часот
  • осмо одделение, сабота, 15.05.2021 година, со почеток во 14 часот
  • деветто одделение, недела, 16.05.2021 година, со почеток во 10 часот

Натпреварот ќе се реализира во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Натпреварувачите треба да пристигнат пред зградата на ПМФ, најдоцна половина час пред натпреварот.

Ве потсетуваме да ги почитувате мерките за безбедност и по завршување на натпреварот да го напуштите факултетот.

Резултатите и приговорите ќе бидат објавени и примени преку електронска комуникација со комисијата за организација и спроведување на натпреварот.

Се гледаме на ПМФ!

Ваш СММ!