Државен натпревар за средно образование

Почитувани,

заврши решавачкиот дел од LXIV Државен натпревар по математика за учениците од средното образование.

Учениците беа сместени во амфитеатрите на Природно-математичкиот факултет во Скопје, каде во целост се почитуваа протоколите за реализација на натпреварот во услови на пандемија.

Задачите и решенијата од натпреварот се:

Во тек е прегледувачкиот дел од страна на комисијата. Кога ќе заврши тој дел, следуваат прелиминарните резултати, процесот на поднесување приговори, нивното разгледување и конечното утврдување на резултатите.

Дел од атмосферата од овој викенд низ галеријата:

Ваш СММ!