Викендов се одржа Вториот меморијален математички натпревар во знак на прерано починатиот македонски математичар и олимпиец Александар Блажевски – Цане. Учество зедоа 15 од најдобрите македонски натпреварувачи, а конкуренцијата ја збогатија и 6 од најдобрите српски натпреварувачи.
Во прилог се задачите со официјалните решенија и распределба на поени, прелиминарните резултати како и неколку фотографии кои ја доловуваат атмосферата од текот на натпреварот.
Од комисијата за ММО и меѓународни натпревари за средно образование,
Мирко Петрушевски