Втор тест за избор на македонската екипа за EGMO 2020

На 23.02.2020 (недела) во математичкиот амфитеатар при ПМФ-Скопје се одржа второто (од предвидените две) тестирање за избор на македонска екипа за овогодинешното издание на престижната Европска Женска Математичка Олимпијада (EGMO 2020), која ќе се одржува во периодот 16.04 – 21.04. во Холандија. Во прилог се задачите и официјалните решенија (со официјалната шема за бодување) .

Во прилог се прелиминарните резултати од тестирањата. Приговори може да поднесете на mirko.petrushevski@gmail.com до вторник 25.02.2020 година до 21 часот.

Претседател на комисијата за Македонска математичка олимпијада и за меѓународни натпревари за средно образование

Д-р Мирко Петрушевски