ПИ-ДЕН

Почитувани,

Сојузот на математичари на Македонија во чест на Меѓународниот ден на математиката, 14 март (https://www.idm314.org/), на 14.3.2020 и 15.3.2020 година го организира математичкиот државен електронски натпревар ПИ-ДЕН. 

Натпреварот, ќе се одржи во категориите: 1 одделение, 2 одделение, 3 одделение, 4 и 5 одделение, 6 и 7 одделение, 8 и 9 одделение, I и II година, III и IV година и категорија 18+.

Последнава категорија се однесува на студенти и сите кои не се ученици.

Пријавувањето на натпреварувачите се врши на следниов линк и трае до 10 март 2020 година. 

Котизацијата за овој натпревар е 60 денари и треба да се уплати на сметката на СММ до 10 март 2020 година.

Учениците од 1 до 7 одделение ќе се натпреваруваат на 14 март 2020, а останатите на 15 март 2020. 

Притоа, на 14 март 2020 година, учениците од 1,2 и 3 одделение ќе гo добијат линкот до задачите во 10 часот, учениците од 4 и 5 одделение во 12 часот, а учениците од 6 и 7 одделение во 14 часот. 

Следниот ден, на 15 март 2020 година учениците од 8 и 9 одделение ќе  гo добијат линкот до  задачите во 10 часот, I и II година во 12 часот, III и IV година во 14 часот и 18+ во 16 часот.

Натпреварот трае 90 минути. 

Во периодот од 11 до 13 март на вашата e-mail адреса (што задолжително треба да ја наведете во пријавата) ќе добиете линк до интернет страница на која во горенаведеното време за соодветната категорија ќе се активира линк до страницата со задачите. Одговoрите се внесуваат во соодветните полиња и на крај се прави Submit. Во конечниот пласман ќе има влијание и времето за кое се испратени одговорите на задачите.

Пример за изгледот на натпреварот може да видите на следниов линк .

Ве повикуваме на учество!

Повеќе информации за овој натпревар на страницата на натпреварот ПИ-ДЕН.

Ваш СММ!