ПИ-ДЕН 2020

Најнови вести за натпреварите

Почитувани,

Сојузот на математичари на Македонија во чест на меѓународниот ден на математиката, 14 март, организира математички државен електронски натпревар ПИ-ДЕН. 

Натпреварот, ќе се реализира со помош на компјутер, мобилен телефон, таблет или кој било друг уред со чија помош може да пристапите до електронската локација која ќе биде отворена два часа за секоја од категориите:

  • 1 одделение, има пристап до системот во 10 часот на 14.03.2020 година
  • 2 одделение, има пристап до системот во 10 часот на 14.03.2020 година
  • 3 одделение, има пристап до системот во 10 часот на 14.03.2020 година
  • 4 и 5 одделение, има пристап до системот во 12 часот на 14.03.2020 година
  • 6 и 7 одделение, има пристап до системот во 14 часот на 14.03.2020 година
  • 8 и 9 одделение, има пристап до системот во 10 часот на 15.03.2020 година
  • I и II година, има пристап до системот во 12 часот на 15.03.2020 година
  • III и IV година, има пристап до системот во 14 часот на 15.03.2020 година
  • 18+ , има пристап до системот во 16 часот на 15.03.2020 година

Пријавувањето на натпреварувачите се врши на следниов линк и трае до 12 март 2020 година до 23 часот и 59 минути

Податоци за котизација:
Сојуз на математичари на Македонија
Жиро сметка: 300000001276071,
депонент на Комерцијална банка АД (со назнака „Котизација за ПИ-ДЕН“)

Котизацијата за овој натпревар е 60 денари и треба да се уплати на сметката на СММ до 13 март 2020 година.

Натпреварот трае 90 минути. Секој пријавен учесник на натпреварот ќе добие сертификат за учество и потврда за постигнатиот успех. Во конечниот пласман ќе има влијание и времето за кое се испратени одговорите на задачите.

Пример за изгледот на дел од задачите на натпреварот може да видите на следниов линк .

Имаме неверојатна шанса да бидеме дел од манифестација која за прв пат се случува и означува нов почеток за меѓународната поддршка на математиката, а од друга страна можеме заеднички во рамките на семејството да покажеме дека чесноста како една од клучните одлики на секој интелектуалец не е маска која се носи повремено и по потреба, туку постои и кога никој не ги следи будно нашите постапки. Ова е и одлична можност да ја промовираме инклузивноста и надвор од училишните клупи.

Во пресрет на овој историски ден, ве повикуваме да бидете дел од натпреварот!

Ваш СММ!