Почитувани,
локалната организација за Македонија на 14. издание на Европскиот
Математички Куп (англ. European Mathematical Cup) е повторно доверена на
СММ. Овој престижен меѓународен натпревар ќе се одржува во повеќе држави во
периодот 13-21 Декември 2025. Официјалната веб страна е: www.emc.mnm.hr .
За учесниците од Македонија натпреварот ќе се одржи на 21.12.2025 во
просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје, со почеток во 10ч.…
Категорија: Натпревари
Втор Новогодишен електронски натпревар
Почитувани,
Оваа учебна година по вторпат ќе се одржи Новогодишен електронски натпревар.
На годинешниот натпревар можат да учествуваат учениците од 1 – во до 5 – то одделение. Натпреварот ќе се одржи на 27.12.2025 година. Котизацијата од 120 денари за Новогодишниот електронски натпревар се уплаќа на сметката на СММ, која може да ја најдете на веб страната на СММ, а со цел на дознака Котизација за новогодишен електронски натпревар – име и презиме на ученикот.
Натпреварот се состои од 15 задачи за учениците од 1 – во одделение, односно, од 20 задачи за учениците од 2 – ро до 5 – то одделение, максимално време за работа 60 минути.…
Прочитај повеќеКалендар за натпреварите во учебната 2025/2026 година
Почитувани,
натпреварите по математика во учебната 2025/2026 година ќе се одржат во следниве денови:
Основно образование
- Општински натпревар 30.1.2026 година
- Регионален натпревар 14.3.2026 година
- Државен натпревар 18.4.2026 година
Средно образование
- Општински натпревар 30.1.2026 година
- Регионален натпревар 14.2.2026 година
- Државен натпревар 7.3.2026 година
Наскоро ќе бидат објавени деталите поврзани со одржувањето на овие натпревари.…
Прочитај повеќеИЕО 2025: Две бронзи за Македонија!
Во периодот од 20 до 29 јули 2025 година, се одржа Меѓународната економска олимпијада во Баку, Азербејџан. Македонскиот тим освои два бронзени медала на ова престижно меѓународно натпреварување!
Македонскиот тим го сочинуваа:
- Христијан Захарчев од СОТУ „Ѓорѓи Наумов“, Битола
- Миша Веселински од ПСУ „Јахја Кемал“, Скопје
- Теа Ангелова од „Меѓународно училиште НОВА“, Скопје
- Сара Тошевска од ДСУ „Математичко-информатичка гимназија“, Скопје
Водичи на тимот беа проф.…
Прочитај повеќеИМО 2025: злато, сребро и три пофалници за Македонија!
Почитувани,
Годинава, најпрестижниот светски математички натпревар, 66. Интернационална математичка олимпијада (ИМО 2025), се одржува во Саншајн Коуст, Австралија, во периодот 10-20 јули. Ова е 33. учество на Македонија на ИМО. Нашата делегација брои шест ученици: Алексиј Тасиќ, Дамјан Давков, Ивано Божиновски, Леонид Тодороски, Бранко Јангеловски и Марко Серафимовски; ги предводат Илија Јовчески и Мирко Петрушевски.…
Прочитај повеќеСММ успешно ја организира ЈБМО 2025
Во периодот од 24 до 29 јуни 2025 година во Струга, Република C. Македонија, се одржа 29-та Јуниорска балканска математичка олимпијада (ЈБМО 2025).
Вреди да се истакне дека ЈБМО 2025 е еден од најзначајните меѓународни настани што се одржуваат во Македонија оваа година. Дополнително, за првпат во 29-годишната историја на ова натпреварување – најпрестижниот математички натпревар за ученици до 15,5 години – учествуваа 135 натпреварувачи од 23 држави од Европа и Азија.…
Прочитај повеќеСе одржа ЈБМО 2025
Почитувани,
Со особено задоволство ве информираме за одличниот успех на двата македонски тимови на 29-та Јуниорска балканска математичка олимпијада (ЈБМО), која се одржа во периодот од 24 до 29 јуни 2025 година во Струга.
Првиот тим освои два сребрени и три бронзени медали, додека вториот тим се закити со три бронзени медали.…
Прочитај повеќеДополнително тестирање за избор на државни праваци
Почитувани
на 10.6.2025 година се одржа дополнително тестирање за избор на државни праваци
за 9 одделение од основното образование и 1 и 3 година од средното образование.
Според постигнатите резултати, за првак во деветто одделение се прогласува
ученикот:
Дијар Адеми – ПСУ Јахја Кемал – Елементари, Карпош, Скопје.
Заради непојавување на противкандидатите, службено, за прваци во соодветните години се прогласуваат учениците:
– Андреј Тасиќ – ПСУ Јахја Кемал – Скопје, првак за прва година
и
– Марко Митевски – ДСУ Математичко – информатичка гимназија – Скопје,
првак за трета година.…
Повторен тест за избор на државен првак
Почитувани,
по барање на Министерството за образование и наука (МОН), а врз база на приговор упатен по однос на дополнителното тестирање со кое е извршен избор на државен првак во деветто одделение, прва и трета година, СММ на 10.06.2025 година, вторник, со почеток од 10 часот ги повикува учениците кои на државниот натпревар во овие категории освоија најмногу поени, на ново дополнително тестирање за избор на државен првак.…
Прочитај повеќеИзбор на екипи за ЈБМО 2025
Почитувани
на 2 јуни 2025 година, во просториите на ПМФ се одржа Тест за избор на екипи за Јуниорската Балканска Математичка Олимпијада (ЈБМО) 2025.
Во прилог се решенијата на задачите со маркинг шема.
Според збирните резултати од ЈММО 2025 и изборниот тест за ЈБМО 2025, македонските екипи на ЈБМО 2025 ги сочинуваат следниве ученици:
ПРВА ЕКИПА:
- MKД 1 ДИЈАР АДЕМИ
- MKД 2 АНА МИТЕВСКА
- МКД 3 ВАЛЕНТИНО АТАНАСОВСКИ
- МКД 4 НИКОЛА ЗОРЕСКИ
- МКД 5 ВЛАДИМИР ГРЧЕВ
- МКД 6 РИНА ИДРИЗИ
ВТОРА ЕКИПА:
- MKД Б 1 ФИЛИП ХАЏИ-ВЕЛКОВ
- MKД Б 2 ЕНА РАХИЌ
- МКД Б 3 АНА МИТРОВСКА
- МКД Б 4 ДЕА ИВАНОВСКА
- МКД Б 5 КАЛИНА ГРАШКОСКА
- МКД Б 6 КАЛИНА ТОРТЕВСКА
На учениците им посакуваме успешен настап на претстојната олимпијада.…
Прочитај повеќе