Информации за ЈММО

Почитувани,

Ве известуваме дека Јуниорската македoнска математичка олимпијада (ЈММО) 2024 ќе се одржи на 29 мај 2024 година со почеток во 10 часот во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје.

На ЈММО се покануваат сите ученици кои имаат:

– прва награда во 7 одделение,

– прва или втора награда во 8 одделение,

– прва, втора или трета награда во 9 одделение.…

Прочитај повеќе

Државен натпревар по математика за основно образование 2024

Почитувани,

Денес, 11 мај 2024 година, со почеток од 10 часот, во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје се одржа XLIX Државен натпревар по математика за учениците од основното образование.

Во прилог се задачите и решенијата од натпреварот.

Kонечните резултати од XLIX Државен натпревар по математика за учениците од основното образование, по одделенија се следните:

Државни прваци по одделенија се:
7 одд – Огнен Арсевски, OОУ „Свети Кирил и Методиј“, Свети Николе 
8 одд – Филип Хаџи – Велков, ОOУ „Димитар Миладинов“ , Центар, Скопје
9 одд – Никола Стојковски, ООУ „Ѓорѓија Пулевски“, Аеродром, Скопје

Државниот првак за шесто одделение ќе се одреди по дополнителното тестирање на учениците кои имаат освоено по 100 поени на државниот натпревар.…

Прочитај повеќе

Информација за државниот натпревар за основно образование

Почитувани,

Ве известуваме дека Државниот натпревар за учениците од основното образование ќе се одржи во сабота, 11.05.2024 година, со почеток од 10 часот.

Учениците треба да бидат пред горната зграда на ПМФ, најдоцна во 9:30 часот.

Ваш СММ!……

Прочитај повеќе

Информациja за изборниот тест за ИМО

Тестот за избор на македонската екипа за ИМО 2024 ќе се одржи следниот викенд 11-12. мај во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје. 

Учесниците е потребно да бидат пред факултетската зграда најдоцна во 9 часот и 30 минути.

Во секој од двата дена, натпреварот ќе започнува во 10 часот.…

Прочитај повеќе

УБАВИ ВЕСТИ ОД БМО 2024

Почитувани,

Сакаме да ве информираме за успешниот настап на Македонската репрезентација на 41. Балканска математичка олимпијада. На овогодинешното издание на овој престижен меѓународен собир на млади математички умови учествуваа вкупно 138 натпреварувачи, од 22 држави од три континенти. Македонската репрезентација освои два сребрени медали, два бронзени медали и две пофалници.…

Прочитај повеќе

Екипа за БMO 2024

Почитувани,

Во прилог се конечните резултати од изборниот тест одржан вчера и збирно конечните резултати од ММО 2024 и изборниот тест за БМО 2024, согласно кои македонската екипа за овогодинешната балканијада е:

МКД 1 Дамјан Давков
МКД 2 Алексиј Тасиќ
МКД 3 Јан Стојановски
МКД 4 Никола Цветаноски
МКД 5 Леонид Тодороски
МКД 6 Емилија Николовска

Им посакуваме успех!…

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе

EGMO 2024

Почитувани,

Во периодот 11 – 17.04.2024, нашиот национален тим во состав Емилија Николовска, Миша Веселински, Сара Тошевска и Нина Ламева, успешно се претстави на 13тата Европска женска математичка олимпијада. ЕГМО 2024 се одржа во Цхалтубо, Грузија. Учествуваат 54 земји од кои 37 од Европа и 17 надвор од континентот. Нашиот тим екипно го освои 24тото место во конкуренција на Европските земји.…

Прочитај повеќе

Изборен тест за БМО 2024

Почитувани,

денес, во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје, се одржа изборниот тест за 41. Балканска Математичка Олимпијада. Во прилог се задачите и решенија со распределба на поени. Ви пренесуваме и дел од амбиентот на тестирањето:

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе

Информациja за изборниот тест за БМО

Почитувани,

Тестот за избор на македонската екипа за БМО 2024 ќе се одржи оваа недела 21. април во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Учесниците е потребно да бидат пред влезот на факултетската зграда најдоцна во 9 часот и 30 минути.

Натпреварот ќе започне во 10 часот.

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе