Информација за ММО

Почитувани,

ве известуваме дека XXXII. Македонската Математичка Олимпијада (ММО) ќе се одржи на 23.03.2025 година, недела, во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Во прилог е списокот на ученици кои се поканети на олимпијадата, согласно следниот  критериум:

 „Сите учесници на последниот државен натпревар по математика за средно образование кои се натпреварувале во втора, трета или четврта година и освоиле награда, сите учесници на последниот државен натпревар по математика за средно образование кои се натпреварувале во прва година и освоиле прва или втора награда, и сите ученици кои освоиле медал на минатогодишната БМО или ИМО“.…

Прочитај повеќе

Список на училишта-домаќини за Регионалниот натпревар за основно образование

Почитувани,

овде ќе ги најдете сите потребни податоци за училиштата-домаќини на Регионалниот натпревар по математика кој ќе се одржи во сабота, 15.3.2025 година, со почеток од 12 часот.

Учениците треба да бидат во соодветното училиште во 11:30 на денот на натпреварот.

Натпреварот трае 120 минути.

Означените региони, за жал, сеуште не пријавиле училиште-домаќин за натпреварот.…

Прочитај повеќе

Резултати од државниот натпревар за средно образование

Почитувани,

во прилог се резултатите од Државниот натпревар по математика за учениците од средното образование, кој се одржа, на 7.3.2025, петок:

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе

Решенија на задачите од државниот натпревар за средно образование

Почитувани,

Во прилог се решенијата на задачите од државниот натпревар за средно образование кој се одржа денес на 07.03.2025 година на Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Од Комисијата за натпревари…

Прочитај повеќе

Известување за регионалниот натпревар за основно образование

Почитувани,

Регионалниот натпревар по математика за учениците од основното образование ќе се одржи во сабота на 15.3.2025 година со почеток во 12 часот.

Списокот со пријавени училишта за домаќини е следниот:

Ве известуваме дека регионот Карпош, Ѓорче Петров, Сарај и Кондово, заради големиот број ученици ќе се одржува во две училишта.…

Прочитај повеќе

Државен натпревар за учениците од средното образование

Почитувани

Ве известуваме дека Државниот натпревар по математика за учениците од средното образование ќе се одржи на 7 март 2025 година со почеток од 10 часот во просториите на Природно-математичкиот факултет (ПМФ) во Скопје.

Сите учесници треба да бидат пред зградата на ПМФ во 9 часот и 20 минути на денот на натпреварот. …

Прочитај повеќе

Резултати од Регионалниот натпревар за средно образование

Почитувани ученици и ментори,

Во прилог се резултатите од 48-миот Регионален натпревар за учениците од средните училишта, одржан на 15.02.2025 година.

Право на учество на Државниот натпревар имаат учениците кои освоиле најмалку 40 поени на регионалниот натпревар. 

Ваш СММ…

Прочитај повеќе

ПИ-ДЕН 2025

Почитувани,

Сојузот на математичари на Македонија во чест на меѓународниот ден на математиката, 14 март, организира математички државен електронски натпревар ПИ-ДЕН 2025. 

Натпреварот, ќе се реализира со помош на компјутер, мобилен телефон, таблет или кој било друг уред со чија помош може да пристапите до електронската локација која ќе биде отворена два часа за секоја од категориите, односно:

  • 1 до 5 одделение, има пристап до системот во 10 часот на 16.03.2025 година
  • 6 до 9 одделение, има пристап до системот во 12 часот на 16.03.2025 година
  • I до IV година и 18+, има пристап до системот во 14 часот на 16.03.2025 година

Пријавувањето на натпреварувачите се врши на следниов линк и трае до 12 март 2025 година до 23 часот и 59 минути

Податоци за котизација:
Сојуз на математичари на Македонија
Жиро сметка: 300000001276071,
депонент на Комерцијална банка АД (со назнака „Котизација за ПИ-ДЕН 2025“)

Котизацијата за овој натпревар е 100 денари и треба да се уплати на сметката на СММ до 13 март 2025 година.…

Прочитај повеќе