Државен натпревар по математика за основно образование 2024

Почитувани,

Денес, 11 мај 2024 година, со почеток од 10 часот, во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје се одржа XLIX Државен натпревар по математика за учениците од основното образование.

Во прилог се задачите и решенијата од натпреварот.

Kонечните резултати од XLIX Државен натпревар по математика за учениците од основното образование, по одделенија се следните:

Државни прваци по одделенија се:
7 одд – Огнен Арсевски, OОУ „Свети Кирил и Методиј“, Свети Николе 
8 одд – Филип Хаџи – Велков, ОOУ „Димитар Миладинов“ , Центар, Скопје
9 одд – Никола Стојковски, ООУ „Ѓорѓија Пулевски“, Аеродром, Скопје

Државниот првак за шесто одделение ќе се одреди по дополнителното тестирање на учениците кои имаат освоено по 100 поени на државниот натпревар. Тоа тестирање ќе се одржи заедно со Јуниорската македонска математичка олимпијада. Терминот ќе биде објавен дополнително.

На сите ученици им го честитаме постигнатиот успех!

Во продолжение погледнете дел од фотографиите од натпреварот:

Ваш СММ!