Почитувани,
МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА МАТЕМАТИКАТА, International Day of Mathematics (IDM) е 14. март, а тој ден е познат уште и како „Денот на Пи“.
Датумот е така одбран поради првите две цифри на најпознатата математичката константа Пи,
π = 3,14…. (3 – третиот месец март, 14-от ден во месецот)
Денот на Пи се слави низ целиот свет, а оваа година темата е
МАТЕМАТИКА ЗА СЕКОГО (Mathematics for Everyone)
Ги повикувам сите колеги математичари коишто сакаат да го одбележат денот во нашата земја, да организираат некаков математички евент во основните и средните училишта.
Идеи за одбележување на денот на математиката може да се најдат на оваа страна.
За секоја планирана активност може да ме контактирате на
martin.lukarevski@ugd.edu.mk, martinton@yahoo.com
Мартин Лукаревски,
IDM Амбасадор за Северна Македонија