Почитувани,
СММ за Вас подготви интересна новогодишна задача, која гласи:
„ Дедо Mраз правел играчки за подароци кои биле волшебни. Така ако во еден куп има n играчки, по 24 часа тој број се менува и е еднаков на:
n/4, ако n е делив со 4;
(n+2)/4, ако n+2 е делив со 4; и
(3n+1)/2, ако n е непарен.
На 25 декември во 23 часот Дедо Mраз направи куп со А играчки. Во тој куп на 31 декември во 23 часот има В играчки. Колку се А и В ако В е најголемиот можен број играчки при услов:
a) A<175583100
б) А<175583000?“
Времето за решавање ќе заврши на 31.12.2021 година, во 23:59 часот. Решенијата може да ги испратите преку следната форма. Најбрзите тројца решавачи ќе добијат пригодни награди.
Ваш СММ!