Информации за учесниците на Државниот натпревар по математика за основно образование

Почитувани,

Државниот натпревар по математика за основно образование ќе се одржи на 03.05.2025 година (сабота) во просториите на Природно-математичкиот факултет (ПМФ) во Скопје.

Секој ученик треба да го прочита списокот и да провери во која просторија е распределен на денот на натпреварот.

Натпреварот ќе се одвива во следните згради и простории на Природно-математичкиот факултет (ПМФ) во Скопје:

Горна зграда – стар дел:

  • Математички амфитеатар – прв спрат
  • Физички амфитеатар – приземје

Горна зграда – нов дел:

  • Информатички амфитеатар – трет спрат
  • Просторија М244 – втор спрат

Долна зграда – Хемиски институт:

  • Просторија 124- прв спрат
  • Хемиски амфитеатар

Важно:

  • Учениците треба да пристигнат на ПМФ во 09:00 часот за натпреварот да започне навреме.
Прочитај повеќе

Злато, сребро и три бронзи за Македонија на БМО 2025!

Ни претставува особена чест да објавиме дека на 42. Балканска математичка олимпијада (БМО 2025)  која годинава се одржува во Сараево, Босна и Херцеговина – македонската репрезентација постигна одличен успех!

На овој престижен меѓународен собир на млади математички умови, во конкуренција на 141 натпреварувачи, од 23 држави на три континенти, нашата  репрезентација се закити со еден златен, еден сребрен и три бронзени медали

  • ДАМЈАН ДАВКОВ (златен медал; со освоени 33 поени) 
  • АЛЕКСИЈ ТАСИЌ  (сребрен медал; со освоени 28 поени) 
  • БРАНКО ЈАНГЕЛОВСКИ (бронзен медал; со освоени 22 поени) 
  • ЛЕОНИД ТОДОРОСКИ (бронзен медал; со освоени 20 поени)
  • ИВАНО БОЖИНОВСКИ (бронзен медал; со освоени 18 поени) 

Успехот на овие наши деца е успех за целата татковина!…

Прочитај повеќе

EGMO 2025

Почитувани,

Од 11 до 17 април во Приштина, Косово се одржа Европската женска математичка олимпијада (EGMO), на која учествуваа натпреварувачки од 55 држави ширум светот.

Македонија ја претставуваа Антонела Владева, Илина Арсовска, Михаела Смилевска и Миша Веселински. Лидери на тимот беа Петар Филиповски и Христина Митреска, а Ерблина Зеќири беше координатор од нашата држава.…

Прочитај повеќе

Државни прваци за средно образование

Почитувани,

Прваци по години за средно образование, за учебната 2024/2025 година се следните ученици:

  • Прва година – Андреј Тасиќ, ученик во ПСУ „Јахја Кемал“- Карпош, Скопје
  • Втора година – Ивано Божиновски, ученик во ДСУ Математичко – информатичка
    гимназија, Скопје
  • Трета година – Леонид Тодоровски, ученик во ПСУ „Јахја Кемал“- Струга
  • Четврта година – Алексиј Тасиќ, ученик во ПСУ „Јахја Кемал“- Карпош, Скопје

Првакот во прва и трета година, согласно правилникот за натпревари, е избран на
дополнително тестирање, односно согласно резултатите на ММО 2025.…

Прочитај повеќе

Екипа за БMO 2025

Почитувани,

Во прилог се конечните резултати од изборниот тест одржан денес и збирно конечните резултати од ММО 2025 и изборниот тест за БМО 2025, согласно кои македонската екипа за овогодинешната балканијада е:

МКД 1 Алексиј Тасиќ
МКД 2 Дамјан Давков
МКД 3 Ивано Божиновски
МКД 4 Леонид Тодороски
МКД 5 Бранко Јангеловски
МКД 6 Андреј Тасиќ

Им посакуваме успех!…

Прочитај повеќе

Резултати од првиот селекционен тест за МЕО 2025

Почитувани,

на 8.04.2025 година, се одржа првиот селекционен тест за квалификации за Македонската Економска Олимпијада МЕО 2025. Конечните резултати се во прилог.

Право на учество на МЕО 25 остварија учениците со освоени најмалку 40 поени.

МЕО 2025 ќе се одржи на 29.04.2025 во просториите на Природно-математичкиот факултет. Точното време на почеток на МЕО ќе биде објавено по празниците.…

Прочитај повеќе

Дополнителна информација околу Државниот натпревар за основно образование

Почитувани,

заради големиот број барања за промена на листата со учесници на Државниот натпревар за основно образование, УО на СММ донесе одлука да го промени критериумот за пласман на учениците од шесто и седмо одделение.
Имено, на Државниот натпревар учествуваат сите ученици кои имаат освоено најмалку 3 награда на Регионалниот натпревар.…

Прочитај повеќе

Информациja за изборниот тест за БМО

Почитувани,

Тестот за избор на македонската екипа за БМО 2025 ќе се одржи оваа недела, 13. април, во просториja на Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Учесниците е потребно да бидат пред влезот на факултетската зграда најдоцна во 9 часот и 30 минути.

Натпреварот ќе започне во 10 часот.

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе

Конечни резултати од регионалниот натпревар за основно

Почитувани,

во прилог се конечните резултати од Регионалниот натпревар по математика за учениците од основното образование. 
На државниот натпревар се пласираат сите ученици од: 

  • 6 и 7 одделение кои имаат најмалку 2 награда, т.е. освоиле најмалку 71 поен на Регионалниот натпревар
  • 8 и 9 одделение кои имаат најмалку 3 награда, т.е.
Прочитај повеќе