Драги ученици и наставници,
Во учебната 2023/2024 година, Сојузот на математичари на Македoнија започна со реализација на нова активност – Школа за млади математичари, во соработка со Математичкиот клуб „Диофант“ од Ваљево, Србија. Во план е задачите кои се работат на Школата за млади математичари да се објавуваат во електронско списание „Диофант“ кое ќе излегува повремено и по потреба и ќе биде со слободен пристап.
Во првиот број на електронското списание за додатна настава по математика „Диофант“ се содржани задачите од првите шест теми на Школата за млади математичари 2023/2024. Секоја од темите е предвидена да се работи на еден блок часови, односно два наставни часа. На секоја тема ѝ се придружени соодветни задачи за домашна работа. Задачите се изложени од поедноставни кон посложени, за постепено разработување на темата. Веруваме дека овие задачи ќе бидат од помош на наставниците по математика при реализација на додатната настава по математика. Исто така, се надеваме дека и за учениците овие задачи ќе бидат интересни за решавање.
Кон страницата на е-списанието „Диофант“ може да пристапите на следниот линк: https://smm.org.mk/spisanija/diofant/.