ИМО2023: едно злато, едно сребро, две бронзи и две пофалници за Македонија!

Ни претставува особена чест да објавиме дека на 64. Интернационална математичка олимпијада (ИМО 2023) – најпрестижниот математички натпревар за ученици од средните училишта, која годинава се одржува од 2.07-13.07.2023 година во Чиба, Јапонија – македонската репрезентација постигна одличен успех!

На овој светски мегдан за извонредност нашата екипа се закити со еден златен, еден сребрен, два бронзени медали и две пофалници. 

  • ДАМЈАН ДАВКОВ (златен медал; со освоени 32 поени) 
  • АЛЕКСИЈ ТАСИЌ  (сребрен медал; со освоени 25 поени) 
  • НИКОЛА ЦВЕТАНОСКИ (бронзен медал; со освоени 23 поени) 
  • НИКОЛА СПИРОВСКИ (бронзен медал; со освоени 19 поени)
  • ЈАН СТОЈАНОВСКИ (пофалница; со освоени 17 поени) 
  • БРАНКО ЈАНГЕЛОВСКИ (пофалница; со освоени 11 поени)

Успехот на овие наши деца е успех за целата татковина!

Им честитаме и им посакуваме уште многу идни академски достигнувања!

Ваш СММ