Информации за IEO

Почитувани,

Почитувани,

За прв пат оваа година, Сојузот на математичарите организира селекција за Меѓународната економска олимпијада. Бордот на ИЕО, согледувајќи ја сериозноста и искуството на СММ во организација и спроведување на домашните и меѓународните натпревари, на СММ му ја довери задачата да селектира и испрати тим на Петтата ИЕО. Се надеваме да ја промовираме оваа селекција и истата во следните години да премине во Македонска економска олимпијада. СММ во соработка со експерти од економијата, од универзитетите и стопанството, ќе организира селекција на тимот во две етапи, во периодот 21.05.2022 до 25.06.2022.

Првата селекција ќе се одржи на 21.05.2022. Детали за точното време и место ќе бидат објавени откако ќе заврши периодот на пријавување. Рокот за пријавување е 17.05.2022 година.

Поканети се сите средношколци, од средните економски училишта, но и од гимназиите во државава, важно е учениците да имаат познавања од економијата. Право на учество имаат и државните и приватните училишта.

Селекциите ќе се вршат на јазикот на кој се изведува наставата на учениците, но ИЕО се изведува исклучиво на англиски јазик. Доброто познавање на англискиот јазик е пресудно за успешен настап на меѓународната олимпијада.

Искористете ја шансата и пријавете се за учество на селекцијата. Првата селекција ќе содржи 20 прашања од основи на економија и потребниот математички апарат, меѓу кои прашања со избор, дополнување и кратки одговори на отворени прашања. Прашањата ќе бидат зададени во облик сличен на Multiple choice  and open questions од самата ИЕО. Повеќе информации за ИЕО може да најдете на https://ecolymp.org/. На страната можат да се најдат и сите поранешни проблеми од натпреварувањата до сега.

Пожелно е пријавувањето да го изврши ментор, наставник од училиштето. Доволно е сите заинтересирани ученици да бидат внесени во excel документот кој може да го најдете подолу.

Истиот документ да се испрати на agacovska@gmail.com.

Првопласираните 40тина ученици ќе се стекнат со право на учество на втората селекција и подготовки за поуспешно претставување на државата на олимпијадата.

Контакт со ИЕО и одговорно лице за селекцијата:
Проф. д-р Анета Гацовска – Барандовска
agacovska@gmail.com

Ве очекуваме!
Ваш СММ!