Екипа за BMO 2022

Избрана е македонската екипа за БМО 2022!

МКД 1 Никола Спировски
МКД 2 Јасна Илиева
МКД 3 Блаже Суклевски
МКД 4 Алексиј Тасиќ
МКД 5 Јан Стојановски
МКД 6 Дамјан Давков

Со оглед дека три натпреварувачи на тукушто одржаната ММО завршија на делба на 6то место (имено Марија Атанасова, Дамјан Давков и Емилија Николовска), надлежната комисија одлучи како ад-хок критериум за разрешување на настаната ситуација да послужат постигнатите резултати на Третиот меморијален математички натпревар Александар Блажевски – Цане
Образложението е следново: станува збор за натпревар од годинешниот натпреварувачки циклус на кој учествувале трите засегнати натпреварувачи и притоа се натпреварувале на исти задачи што според тежината соодветствуваат на задачи за БМО. 

Да им посакаме успех на сите наши претставници на претстоечката балканијада!

Ваш СММ!