Почитувани,
редовното собрание на СММ ќе се одржи на 25 септември 2021 год. (сабота) со почеток во 11 часот на Природно-математичкиот факултет во Скопје со почитување на мерките и протоколите за безбедност од Covid 19.
Врз основа на член 12 и член 19 од Статутот на СММ, право на одлучување на Собранието ќе имаат само присутните членови на Собранието кои имаат платено членарина.
Потврдата за членарина и поканата за ова собрание се испратени на e-мail адреси на членовите.
Сојуз на математичари на Македонија