Дополнителна информација за ЈММО 2021

Почитувани,

со оглед на тоа што се појави совпаѓање на датумот за реализација на ЈММО 2021 и тековните натпревари по физика во организација на ДФРМ, а во интерес на што поскоро формирање на тим кој ќе не претставува на меѓународните натпревари, СММ одлучи да го помести датумот на одржување од 5.06.2021 година, сабота, за 8.06.2021 година, вторник, со почеток во 10 часот.

Останатите информации поврзани со овој натпревар остануваат исти.

Ваш СММ!