Во текот на првото полугодие од учебната 2020/2021 година, Сојузот на математичари на Македонија го реализираше проектот „Математика за сите – математички кружоци за учениците од основните училишта“, поддржан од општина Гази Баба. Во проектот учествуваа наставници по математика и ученици од сите основни училишта во општина Гази Баба. Целта на проектот беше учениците кои имаат посебен интерес за математика, да имаат можност да ги прошират математичките знаења и да се стекнат со нови математички вештини. Наставниците кои ја реализираа наставата во математичките кружоци, претходно завршија обука.
Би сакале да искажеме голема благодарност до општина Гази Баба која ја поддржа идејата за овој проект и помогнаа во неговата реализација.
Проф. д-р Ирена Стојковска,
Раководител на Проектот